Гигантите се договорија еден стандард за паметен дом!

Дејан Соколоски

во Вести

Изгледа на новогодишно чудо, но гигантите кои се натпреваруваат да го освојат следниот паметен дом успеаја да се договорат за да направат уредите за паметен дом да бидат полесни за користење.

Amazon, Google и Apple ќе соработуваат со ZigBee Alliance за да обезбедат дека нивните уреди ќе поддржуваат различни телефони и гласовни асистенти. Дополнително и нови гиганти веќе најавија интерес за приклучување на иницијатиивата. IKEA, Legrand, NXP Semiconductors, Resideo, Samsung SmartThings, Schneider Electric, Signify (Philips Lighting), Silicon Labs, Somfy, и Wulian се заинересирани да помогнат на работата на проектот, објавија компаниите на веб-страницата Connected Home IP.

„Проектот се темели на заедничкото верување дека паметните уреди за дома треба да бидат безбедни, сигурни и лесни за употреба. Со надградба на интернет протоколот (IP), проектот има за цел да овозможи комуникација преку паметни домашни уреди, мобилни апликации и услуги во облакот, и да дефинира специфичен сет на IP-базирани мрежни технологии за сертификација на уредите“.

Конечна цел на проектот е да обезбеди дека секој „интернет на нешта“-уред кој корисникот ќе го купи може да се управува без разлика на паметниот асистент или телефонот кој го користите. Google Assistant, Amazon Alexa и Apple Siri се гласовните асистенти кои се споменати, но има простор и за нови платформи се вели во блогот на Google.

Работната група најави опен сорс пристап во развојот и имплементацијата на протоколот. Соработката на најголемиот број на производители значително ќе забрза процесот, но секако и ќе овозможи за пошироко користење.

Драфт верзијата на стандардот треба да биде достапна во 2020 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии