Гигантите на Силициумската Долина се здружија во одбрана на имиграцијата

Apple, Facebook, Google, Microsoft, Stripe и Uber заеднички ќе се обидат да ја запрат забраната за имиграција. Компаниите работат на пронаоѓање начин со кој ќе можат да се спротивстават на одлуката за забраната на патување, пренесе Recode.

„Од раѓањето на нашата држава, Америка е земја на можностите – добредојдени се сите и сите имаат можност да основаат фамилија, кариера и бизниси во САД. Како нација сме посилни со имигрантите. Како претприемачи и како бизнис лидери, нашата способност за развој на компаниите и креирање на нови работни места зависи од придонесот на имигрантите од сите области.“, се вели во писмото на компаниите.

Директорот на Uber Тревис Каланик го напушти советничкото место во бизнис советот на Трамп. Стартапот имаше проблем со гневот на корисниците кои не ја поддржуваа соработката со новиот претседател на САД. Од друга страна и администрацијата на на г. Трамп објавуваше дека шефот на Uber е поддржувач на претседателот.

„Учеството во групата не значи дека го поддржуваме претседателот или неговата агенда, но за жал ова се претставуваше вака. Има многу начини на кои ќе продолжиме да се залагаме за менување на имиграцијата, но останување во советот само ќе пречеше.“, вели писмото кое г. Каланик го испрати до своите вработени.

Иако во моментов единствено на сила е привремената забрана за влез во САД од 7 држави. Сепак компаниите најверојатно се позагрижени за најавата за построги H-1B визи. Претседателот сака да ги промени правилата за добивање на H-1B виза. Визата за квалификувани работници е виза која се доделува на дефицитарен кадар во САД. Најчесто архитекти, математичари, инжинери и слично, речиси секогаш со универзитетски дипломи, кои се потребни во Силициумската Долина. Правилото за универзитетски дипломи не важи единствено за супермоделите.

Трамп сака да ги принуди компаниите да вработуваат Американци, вели Wall Street Journal. Сепак дури и самата причина за воведување на H-1B визите е недостатокот на кадар на пазарот на трудот во САД.

1 коментар на “Гигантите на Силициумската Долина се здружија во одбрана на имиграцијата

  1. Не треба да си експерт за да знаеш дека текстот се однесува на “Силиконската долина” во Калифорнија, а твојата “Силициумска долина” е резултат на твоето не познавање. Еднаш да си го препрочиташе насловот ке сфатеше дека нешто не е во ред. Ова не е прв пат како ги грешиш лекарствата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии