Gigafactory сѐ уште се гради, но веќе е најголема фабрика за батерии во светот

Дејан Соколоски

во Вести

Gigafactory е фабрика на Tesla во која компанијата произведува најголем дел батериите за Model 3, Powerwall и Powerpack. Дополнително, дел од погоните се користат за производство на моторите на Model 3. Во фабриката веќе има 7 000 вработени, а оваа бројка ќе расте и во иднина.

Компанијата речиси и да беше приморана да ја изгради фабриката. Ако сакаат да произведат 500 000 возила годишно ќе мора да го купат целото светско производство на батерии, а ова секако нема да биде случај.

Кога ќе биде завршена фабриката, ќе биде најголем објект во светот, велат од Tesla. Во моментот капацитетот на произведените батерии е 20 GWh. Со зголемување на производството на батерии, ќе се намали цената на батериите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии