Гиф од протестите стана вирален, надмина милион прегледи на Imgur

Гиф од протестите за Мартин Нешковски, кои вчера на 5-ти мај од мирни протести пред зградата на Владата на РМ ескалираа во насилни протести со тепачки по Партизанска, стана хит на Интернет. Гифот е објавен на Imgur, популарен сајт за споделување на забавна содржина, и за само 12 часа има над милион прегледи. Истиот гиф е популарен и на Facebook и Twitter. Прегледите се главно од корисниците надвор од Македонија кои оставија над 220 коментари смеејќи се на комичната ситуација, но и на неверојатната агилност на полицијата да го избегне контињерот што се движи накај нив.

За жал, иако гифот е навистина смешен, сепак ексалацијата на протестите заврши со насилство и, според информациите, над десетина повредени полицајци и демонстранти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии