GG.mk S01E25: Ни течат лиги за GTA за PC. Не е нормално!

GTA 5. Best. game. ever? Популарната игра која воодушеви на конзолите, сега доаѓа и за PC. А што значи тоа? Подобра графика за игра во која нема да можете да препознате дали околината е вистинска или креирани од пиксели. Затоа дечките од емисијата за игри GG.mk, како и многу други гејмери, едвај чекаат да видат за што станува збор. Првите скриншотови се апсолутно неверојатни, се што сте сакале да бидат, но, прашањето е дали имате добра конфигурација?

Во 25-тата епизода се зборуваше за стари игри модифицирани за новово време, за Bloodborne, за Pillars of Eternity, за Infinite Crisis и куп други интересни вести и новости… Погледнете ја емисијата.

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби и одличен е-спорт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии