GG.mk S01E20: Едвај чекавме да играме point-and-click авантури

Дваесетата епизода на GG.mk започна со важна вест. Емисијата за игри ќе го промени терминот кога се емитува и наместо во вторник, ќе оди во живо на Twitch во понеделник, во истиот термин 22:00 часот. Затоа не заборавајте да ја следите емисијата на која ќе дознаете за сите најинтересни нови игри.

Што се однесува до 20-тата епизода, подобар дел од неа беше наменет за „Ретро-метро“, или рецензија на фантастични стари игри. Оваа епизода се споделуваа point-and-click авантури за кои „едвај чекав да стигнеме дома, кога се возев со 57-мица дома од Битпазар, и ме пукаше сонце, со ранецот на мене, едвај чекав да стигнам дома во петок за да продолжам од таму каде што заглавив…“, вели Гораст.

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби, и се почестo одличен е-спорт.