Нова епизода на eмисијата за игри GG.mk и нова најава на возбудливи наслови. Претставена е новата Mortal Kombat X која ќе се појави пролетта, и според GG.mk,треба да биде подобра од „деветката“, на која трошеа по неколку часа дневно. Беа рецензирани и Kingdom Come и Pillars of Eternity.
Следеше најава и на Global Game Jam 2015. Oва е интернационален настан за креирање на видеоигри кој се случува истовремено на над 500 локации, меѓу кои и во Скопје и Битола. Поканети се сите гејминг ентузијасти да учествуваат како креатори на игри, или како публика да го поддржат настанот. Лани беа креирани 27 игри од над 200 учесници, и оваа година, трета по ред, се очекува да биде успешен и забавен настан. Global Game Jam е организиран од Македонската асоцијација за видео игри (МАГДА).
Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби, и се почестo одличен е-спорт.