GG.mk S01E12: Рецензија на фантастичната This War of Mine и викинзите на Тхе Мичо

Во дванаесетата епизода на емисијата за игри GG.mk конечно дојде на ред да се рецензира This War of Mine. Се работи за независна игра од полско студио кое е базирана на војната во Босна и Херцеговина, поточно на вистинската опсада на Сараево. Во This War of Mine треба да ја преживеете опсадата во реалистична и емотивна средина, што ја прави играта уникатна и можеби една од најдобрите независни игри.

Се спомна и Shipwrights of the North Sea, која е нова игра со карти што доби финансии преку Kickstarter. Но, тоа што ја прави играта важна за нас е што викинзите и картите се цртани од македонскиот артист Михајло Димитриевски, попознат како Tхе Мичо. Се рецензираа и Batman: Arkham Knight; H1Z1 која треба да биде ривал на DayZ и Tom Clancy’s Rainbow Six Siege. Детали за игрите и интересна дискусија ќе најдете во видеото.

[youtube]99pH51Zhan8[/youtube]

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби, и се почестo одличен е-спорт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии