GG.mk S01E11: Гостин е Иван Ивановски од Tesseract Interactive

Во новата епизода од емисијата за игри GG.mk гостува Иван Ивановски, еден од основачите на Tesseract Interactive кои успеаја да ја објават првата македонска игра на Steam. Иван зборуваше за како од едно обично хоби креираа игра која доби 30.000 евра инвестиција и стана инспирација за сите македонски гејминг ентузијасти. Во интервјуто откри и дека следниот чекор за Excubitor ќе биде поддршка за гејмпади за да може да се игра на телевизор, а на долгорочен план работат на мултиплеер и PVP, а можеби и верзија за конзоли.

Единаесетата GG.mk ги рецензираше и Witcher 2 која е одлична игра, но не ги исполнува очекувањата кои беа преголеми. Отворениот свет е преубаво дизајниран, има одлични приказни, има над 50 часа играње и тоа само со основни мисии, но фалат детали кои требаше да ја комплетираат игрите, како гримасите или како поактивни битки. Се спомна и Heartstone: Goblins vs. Gnomes која сега е достапна за Android, и се рецензираа ретро игрите Ninja Gaiden, King of dragons, Double Dragon, Hook, Knights of the round, Punisher, Final Fight, Golden Axe + Dungeons & Dragons: Shadows of Mystara… Погледнете ја епизодата.

Disclaimer: IT.com.mk е медиумски партнер на GG.mk бидејќи веруваме дека гејмингот е добро хоби, и се почестo одличен е-спорт.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии