Getty Images во соработка со Oculus Rift вe внесува во фотографиите

Сервисот за фотографии Getty Images отвори нова галерија за сите корисници на Oculus Rift. Фотографиите се со агол од 360°, што на сопствениците на Oculus ќе им овозможи искуство како да се присутни на овие локации.

За сега нема премногу фотографии, но и Oculus и Getty Images ветуваат дека во галеријата континуирано ќе се додаваат фотографии. Според најавата сликите кои ќе бидат додавани ќе бидат од егзотични локации, најголемите спортски наслави и гламурозни настани, а споствениците на Oculus ќе можат да се почуствуваат како да се во центарот на настаните.

Oculus ја најави комерцијалната верзија на уредот за следаната година, но барем засега освен неколку видеоигри и виртуелни околини, се чини дека има недостаток на содржини. Доколку фотографиите успеаат да бидат атрактивни за корисниците и се редовно се надополнуваат, би можеле да решат дел од проблемите, барем додека Facebook не ја оствари својата замисла за виртуелната реалност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии