GetLokal.mk е македонскиoт Yelp?

GetLokal.mk е нов македонски сајт на кој корисниците можат да пишуваат препораки за ресторани, барови, слаткарници, дискотеки кои ги посетиле… и, благодарение на препораките, сликите и коментарите од другите корисници, полесено да се информираат за слични локации.

На прв поглед GetLokal наликува на познатиот Yelp и слични сајтови кои се појавија ширум светот. Искуството од тоа што видовме до сега ни кажува дека потрошувачите се подготвени да слушаат препораки од други корисници, поточно од своите пријатели, и затоа ваквите сајтови брзо стануваат корисна алатка за откривање на локации (и други продукти). Дали тоа ќе се случи и со GetLokal.mk зависи од колку R3 Infomedia, издавачите на Златна Книга, ќе привлечат кориснички-генерирана содржина. Kлучот секако лежи во препораките од пријателите. Затоа oпцијата за поврзување со Facebook профил преку Facebook Connect ќе им помогне да привлечат луѓе да ја споделат својата препорака со пријателите и да ги натераат да го посетат местото и тие да споделат искуство.

Што се однесува за компаниите, тие ќе добијат промоција доколку се добри или критики кога ќе имаат лоша услуга, па ќе мора да си го подобрат бизнисот. Во моментот, велат од R3 Infomedia, GetLokal нема зацртан бизнис модел, но може, доколку се разработи сајтот, во иднина да понудат платени позиции и промоции на локациите.

GetLokal е развиен во партнерство со веќе постоечките бугарски GetLokal.com и романскиот GetLokal.ro.

1 коментар на “GetLokal.mk е македонскиoт Yelp?

  1. Добар е сајтот и се е убаво ама далеку од тоа дека наликува во целост на Yelp. Yelp е многу повеќе од само Yelp и користи АPI технологија и благодарение на таа технологија сега Yelp е застапен во говорниот асистент на Apple, таканаречен Siri. Такви слични сајтови кои нудат голем број на информации преку API се wordnik, wolfarm alpha, yahoo weather, google place и многу други.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии