Gest сака да биде нов тип на контролер, а изгледот на нараквица иако не е нешто ново за сега не е прифатен од корисниците.
Една од главните промени со кои се надеваат дека ќе направат промена е тежината на уредот. За разлика од конкурентите, Gest е лесен, мек и едноставен за користење.
Контролерот е составен од пет дела, најголемиот се „закопчува“ околу дланката а останатите четири одат околу прстите. Главниот дел и останатите се споени со жица, а уредот функционира благодарение на куп сензори – жироскопи, акцелерометари и мангнетометри кои ја лоцираат позицијата на прстите во однос на дланката.Овие податоци потоа се испраќаат до компјутерот.
Освен за десктоп, Gest може да се користи и со паметни телефони или таблет компјутери. Контролерот не само што ќе се обиде да го замени компјутерското глувче во апликациите, туку според презентацијата на Kickstarter ќе може да ја замени и тастатурата. Првиот софтвер со кој Gest ќе функционира во целост е Adobe Photoshop.
Уредот е на Kickstarter и во претпродажба е достапен за 150 долари, а првите уреди ќе започнат да се испорачуваат веќе во ноември.