Германските пирати влегоа во берлинскиот парламент

Германската Пиратска партија, основана во 2006 година, за прв пат во својата историја обезбеди пратенички места во берлинската регионална влада. „Пиратите“ освоија 8,9 проценти од гласовите, надминувајќи ги Слободните Демократи кои се дел од коалицијата на конзерватината партија на Ангела Меркел. Оваа победа претставува одлична основа за Пиратската партија да се кандидира и на национално ниво.

Пиратската партија успеа да се избори за пратенички места благодарение на нивната политика за поголеми граѓански права, како и со нивната опуштена изборна кампања, а според Der Spiegel дури и славењето на победата било карактеристично за нив, забавувајќи се во дискотека, пушејќи марихуана и пиејќи пиво, додека пак гостите си правеле сендвичи. Лидерот на Пиратската партија, Себастијан Нерц, пред телевизија изјави дека овој историски момент е „кул“.

Во главната програма на Пиратската партија стои дека ќе се залагаат за бесплатен јавен транспорт за сите кој ќе биде финансиран од даноците, бесплатен безжичен интернет за сите, подобра заштита на податоци, легализирање на марихуана, како и за транспарентност овозможувајќи сите државни податоци да бидат достапни за јавноста.

Германската Пиратска партија исто така се залага за ослабување на авторските права, и со тоа да направи различна содржина да биде подостапна за интернет корисниците. Според Себастијан Нерц во интервју за >Deutschlandfunk, Пиратската партија се залага за основи граѓански права кои денешната политика драстично ги има занемарено.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии