Германските екологисти привремено ја запреа изградбата на Tesla Gigafactory 4

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Tesla Motors без сомневање е компанијата која имаше најголемо учество во популаризацијата на електричните возила, а со ова помага и за намалување на загадувањето. Сепак ова не ги импресионира германските екологисти, кои се обидуваат да ја запрат изградбата на Gigafatory на Tesla во близина Берлин.

За потребите на изградбата на фабриката треба да се исечат 92 хектари шума. Стотици граѓани излегоа на протести, а судот одлучи дека мора да се остави простор да бидат разгледани мислењата на екологистите. Екологистите стравуваат од промените кои изградбата на фабриката ќе ги предизвика на животните и на водата.

Протестите се поради одлуката на Министерството за екологија која вели дека иако Tesla нема официјална дозвола за изградба на фабриката, може да започне да го подготвува теренот за изградба. Одлуката на судот доаѓа само три дена пред да биде завршено расчистувањето на теренот и започнувањето на изградба на фабриката, јави Reuters.

Шумата која се расчистува за потребите на Tesla е засадена за потребите на погони за производство на картонска амбалажа, вели Илон Маск. Најголем дел од фабриката нема да биде на овој терен и ќе троши многу малку бода.

Gigafactory 4 треба да биде готова 2021 година и ќе биде првата фабрика за автомобили на Tesla во Европа. Оваа локација ќе произведува 500 000 возила годишно и ќе вработи 12 000 работници. Пред ова компанијата изгради три вакви фабрики, две во САД и една во Кина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии