Германскиот гигант Porsche купи 10% од хрватската компанија Rimac

Хрватскиот производител на луксузни електрични возила има нов партнер. Станува збор за германскиот гигант Porsche кој купи 10% од акциите на компанијата.

Rimac Motors го има најбрзиот електричен автомобил на планетата. Со максимална брзина од 410 километри на час, Rimac Concept Two е побрз од следната генерација на Tesla Roadster, која и не е достапна на пазарот.  Со едно полнење на батеријата, може да се поминат 650 km, што е импресивно. Батериите на Rimac се една од причините за досегашните партнерства со Renault, Jaguar и Aston Martin.

„Поентата на инвистицијата е подлабока соработка помеѓу Rimac и Porsche на развојот на електрични возила и нивни клучни компоненти. Со оглед на тоа дека Porsche е дел од VW групацијата, ова партнерство за нас има и други поволности“, вели Мате Римац за Netokracija.

Но, новото стратешко партнерсто со Porsche не значи и крај за соработката со останатите компании.

„Сакаме да бидеме јасни дека ја продолжуваме соработката со други клиенти, а Porsche нема да има пристап до информациите за проектите кои ги работиме за конкурентите, пример Aston Martin. Porsche тука е многу професионален. Кога се движат низ компанијата, не ни загледуваат каде што не треба, бидејќи ваков пристап очекуваат и кон нивните проекти“.

Ако можеби се чудите што тоа Rimac би можел да му понуди на Porsche, прилично е едноставно. Rimac и Tesla се најверојатно двете единствени сериозни луксузни електрични автомобили. Иако доаѓа од регион кој не е ни на мапата на производителите на возила, ентузиујазмот на вработените во компанијата ги направи нивните возила далеку пред конкуренцијата.

„Не произведуваме едноставни елементи, туку срцето на автомобилот. Компонентите кои го менуваат бензинскиот мотор. Освен што овие елементи се важни за самиот карактер и особините на автомобилите. Тие се и голем дел од цената и сигурносни елеметни. Ваквите системи вообичаено не се доверуваат на надворешни компании, секако не на млад стартап. Да стасаме до доверба од нашите клиенти, да работиме на толку критични и важни системи за нив е наше најголемо достигнување“, вели г. Римац.

Освен електрични автомобили, Rimac во својата сестра компанија Grayp Bikes работи и на елекрични мотори. Инвестицијата на Porsche му носи дел и во оваа компанија.

1 коментар на “Германскиот гигант Porsche купи 10% од хрватската компанија Rimac

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии