Германски дата центар сака да грее домови со своите сервери

Податочните центри толку многу се загреват што голем дел од компаниите како Facebook или Google ги градат своите податочни центри во поларните области како би можеле да ги намалат трошоците за ладење. Слични решенија се бараат и кога во прашање се машините за „рударење“ на дигиталната валута биткоин.

Но, наместо да оди во Исланд, германската компанија Cloud & Heat дојде до идеја топлината генерирана од серверите да ја искористи за загревање на домовите во текот на зимата и обезбедување на топла вода во текот на целата година. Ваквото решение овозможува серверите да бидат сместени во соби во зградите, со што би се намалила инвестицијата за нивно сместување. Куќа од 200 метри квадратни би можела да се загрева и да обезбеди топла вода со 14 сервери. Доколку топлината не е потребна во моментот за загревање тогаш се складира во бојлер за топла вода, а потоа остатокот се исфрла.

„Креиравме ваков систем во центарот на Дрезден, во објект со 56 стана. Со 20 загревачи, можеме да обезбедиме топла вода за сите станови и дел од топлинската енергија. Локална топлификација го обезбедува остатокот од топлината во зимскиот период“ вели Јенс Стракмејер за Fastcoexist.

Употребата на серверите за загревање има предност и кога е во прашање животната средина. Еден сервер може да го намали испуштањето на јаглерод диоксид за шест тони во една година. Сите 760 сервери заменуваат 520.000 дрва, односно ја намалуваат емисијата на CO2 за чија апсорпција се потребни 520 илјади дрва. Дистрибурираните сервери ќе ја подобрат и интернет услугата. „Добро е да се поместат податоците до луѓето, бидејќи на долг рок може да имате предност од покусо време потребно за одговор. Можете да ја забрзате целокупната серверска мрежа отколку со еден голем податочен центар кој е на големо растојние“, додаде г.Стракмејер.

[youtube]jwtnqKNuNAY[/youtube]

3 коментари на “Германски дата центар сака да грее домови со своите сервери

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии