Германската полиција направи стотина рации против пиратите

Германската полиција организира рација, во која над 400 полицајци влегоа во домовите на германците кои беа осомничени за илегално споделување на музика и филмови. Цел на претрес беа 121 стан низ државата, извести канцеларијата на Јавниот обвинител од Келн.

Рацијата на 4 ноември е дел од поосежна акција која има за цел да стави крај на пиратството во Германија. Фокус на оваа рација се членовите на форумот Boerse.bz, а обвинителот тврди дека членовите споделувале од е-книги до филмови и музика. Дел од уапсените се согласиле на соработка со полицијата.

„Обвинението е за подолг временски период, а осмничените споделувале филмови, музика, софтвер и е-книги преку различни сервиси за хостирање и преку форумот boerse.bz“, велат од канцеларијата на јавниот обвинител.

Но, како што известува TorrentFreak, Boerse.bz и другиот торент сајт кој беше претходна мета на полицијата, Kinox.to, се уште се онлајн. Осомничените администратори на сајтовите се во бегство.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии