Германската Пиратска партија ја губи популарноста

Германската Пиратска партија ја губи поддршката од јавноста, а резултат на тоа се лошото управување, недоволната организираност и лошите односи со јавноста, пренесува германскиот весник Der Spiegel.

Партијата бележи пад од околу 4 посто од гласовите што ги добија на претходните избори за берлинскиот парламент (9 посто) и сè уште не може да се договорат кој ќе ги претставува на изборите за Бундестагот, а со гласовите што би можеле да ги добијат е неизвесно и дали воопшто ќе влезат во германскиот парламент.

За да се види во кој правец се движи Пиратската партија во Германија, доволно е да се истакне дека истата имаше проблеми со дел од своите политичари, меѓу кои спаѓа и политичкиот директор Јоханес Понадер кој на еден ТВ настап си ги масираше стапалата и на водителката и објаснуваше за својот животен стил. Исто така, г. Понадер бидеќи не е вработен веќе подолго време и ја користи помошта која ја добива од државата, од луѓето кои ја финансираат партијата побара да донираат за да си купи облека.

Што се однесува до нивната активност во парламентот и што тие направиле, тука нема што да се пишува. Доколку сакате повеќе да се запознаете со ситуацијата на Пиратската партија, можете да прочитате на Der Spiegel.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии