Германската канцеларка Меркел е против интернет неутралноста

Германската канцеларка Ангела Меркел е против зачувување на интернет неутралноста. Наместо еднаков интернет за сите услуги дигиталната економија треба да имаат предност пред другите, вели канцеларката на Digitising Europe конеференцијата во Берлин.

„Интернет кој е пријателски кон иновации е Интернет кој гарантира доверливост за специјални услуги. Овие услуги можат да се развиваат само доколку се исполнети одредени стандарди“, цели Ангела Меркел.

Ставот на Меркел е во спротивност со ставот на мнозинството членови на Европскиот Парламент кои сметаат дека специјални услуги може да бидат единствено за затворена група корисници, под строго определени услови единствено кога капацитетот е доволен.

Приврзаниците на интернет неутралноста во Германија вефнаш ја нападнаа канцеларката, обвинувајќи ја дека нејзината партија соработува со лобистите на телекомуникациските провајдери.

„Револуционерното во Интернет е тоа што содржините можат да бидат поставени од секого и сите имаат пристап до нив. Но доколку чепкаме по интернет неутралноста каго што сугерира канцеларката Меркел, тогаш нема повеќе демократија“, вели Леонард Добуш професор на Free University од Берлин, за The Local.de.

Ставот на Ангела Меркел е потполно спротивен на ставот на претседателот на САД, Барак Обама, кој се залага за интернет неутралност, без двостепен сообраќак кој ќе биде еднаков за сите корисници, креатори на содржини и сервиси.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии