Германија подготвена за 5Г мрежа

Дејан Соколоски

во ИТ.ЕУ

Германија е подготвена за следната генерација на мобилен интернет. Законодавецот ги надмина сите проблеми и веќе се подготвени за тендер за 5Г интернет.

Тендерот е веќе отворен, а понудите може да пристигаат до 25 јануари. По ова, во првото тримесечје на 2019 година ќе започнат и наддавањата.

Сепак условите од договорот не се без контроверзии. Vodafone Германија најави тужба поради условите. Проблематична е одредбата која им наложува на сите оператори да преговараат со сите „играчи“ кои бараат пристап до мрежата. Во случај да не можат да дојдат до договор, регулаторот ќе арбитрира помеѓу двете страни.

Главната причина поради која Vodafone е незадоволен е што ова не е поттик за компаниите да инвестираат во инфраструктура. Најголем дел од операторите ќе го искористат ова за да дојдат до пристап до големите градови или надвор од урбаните центри.

Новата 5G технологија треба да ги донесе потребниот проток и стабилност за следната генерација на платформи. Паметни градови, автономни возила, нови платформи, постојано поврзани уреди, сè ова зависи од брз достапен интернет.  Следната генерација на мобилни мрежи, 5G, ќе биде побрза, а со тоа и ќе најде поширока примена. Токму ова е причината поради која државите во Европската Унија сакаат да бидат лидери во имплементацијата на мрежата.

Унијата се надева дека ранoто прифаќање ќе овозможи креирање на стартапи кои ќе останат на континентот наместо да се преселат во Силиконската долина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии