Германија го отпушти јавниот обвинител кој обвини новинари за предавство

Јавниoт обвинител од Германија кој беше задолжен за скандалот со Netzpolitik.org, Харалд Ранге, е отпуштен од германскиот министер за правда Хеико Мас, јави Deutsche Welle. Г. Ранге е отпуштен бидејќи имало политички влијанија во истрагата за двајца новинари кои се обвинети за велепредавство. Ова е прв случај во повеќе од педесетина година германски новинари да бидат обвинети за предавство.

Новинарите Маркус Бекдал и Андре Мејстер се обвинети бидејќи на Netzpolitik.org објавиja информации за германскиот план за надзор на електронски комуникации. Документите кои тие ги објавија го разоткриваат планот на властите да воведеат мониторинг на интернет комуникацијата, односно да го прошират законот за прислушување и следење и на интернет. Според некои политички противници, г. Ренге претерал со своето толкување на законот бидејќи им се нафрлил на новинарите, наместо да ги испита целосно обвинувањата дека американската NSA ги прислушува германските власти.

Министер за правда веднаш откако доби дозвола му врачи отказ на јавниот обвинител. „Му објаснив на г.Ранге дека мојата доверба во неговата способност да ги исполнува своите обврски е трајно штетена и побарав негово повлекување“, вели г. Мас.

Една од причините за незадоволството на јавноста во Германија е изјавата на г. Ранге дека „Слободата на печатот и говорот е важна. Но оваа слобода вклучувајќи го и интернет не е без граници. Ова не им дозволува на новинарите да не го почитуваат законот“. Обинителот пак го обвини мистерот Мас, за мешање во независноста на судството, откако претходно побарал отстранување на еден од експертите кои се повикани како сведоци. Откако ја доби поддршката од германската канцеларка Меркел, министерот за правда, речиси веднаш побара оставка од јавниот обвинител.

Случајот на новинарите обвинети за предавство стигна и до ОБСЕ, од каде Дуња Мијатовиќ обвини дека опасноста за осуда за велепредавстбо е опасна за сите новинари-истражувачи. Политичките противници, односно опозицијата, пак бара од министерствата за правда и внатрешни работи да ги откријат деталите од истрагата и причината зошто овој случај е обележан како „предавство“ бидејќи се сомневаат во неговата правичност. Наместо правда, тие велат дека ова е напад врз слободата на медиумите.

2 коментари на “Германија го отпушти јавниот обвинител кој обвини новинари за предавство

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии