Германија ги забрани паметните часовници за деца

Паметните часовници за деца, се уреди за шпионирање и децата не смеат да ги користат. Ова е одлуката на германскиот регулатор (Bundesnetzagentur) по разгледување на часовниците.

Ова не е прв случаj комисијата да забрани некој уред,  претходно истото го направи со куклата „My Friend Cayla“, вели BBC.

Причината за забраната е лошата заштита која ја имаат голем дел од часовниците. Поради ова, може да се користат како уреди за нарушување на приватноста. Комисијата смета дека децата се во најголема опасност да бидат жртва на овие уреди и поради тоа ги забрани.

Дел од родителите ги користат овие часовници да ги прислушуваат децата, но и да ги прислушуваат наставниците во училиштето. Со оглед на тоа дека часовникот доаѓа со микрофон, сè што е дополнително потребно, е единствено апликација и паметен телефон.

Германија со ова не ги забранува сите паметни часовници, туку единствено на оние наменети за деца. Уредите наликуваат на играчки и се опремени со SIM-картичка и ограничени можности за телефонски повици. Дополнителен проблем е што дел од часовниците имаат и пропуст кој овозможува испраќање и зачувување на некриптирани податоци.

Германската агенција побара акција за подобра безбедност во сите држави членки на Европската Унија. Ова најверојатно и ќе се случи во блиска иднина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии