Германија ги натера Facebook и Google да бришат говор на омраза во рок од 24 часа

За да го реши проблемот со постојаниот говор на омраза кон граѓаните кои не се родени во земјата, Германија побара помош од Facebook, Google и Twitter. „Кога ќе биде помината границата на слобода на говор и ќе стане збор за криминални изјави, поттикнување на насилство, содржината мора да биде избришана од Интернет“, вели германскиот министер за правда, Хеико Мас.

Трите компании се сложија говорот на омраза да биде отстранет во рок од 24 часа од пријавувањето, и прифатија да вклучат експертски тимови во секоја од компаниите кои ќе овозможат побрзо пријавување и побрзо отстранување на говорот на омраза, јави Reuters.

Главна причина за новиот договор е нереагирањето на Facebook на говор на омраза минатиот месец, a шефот на европскиот оддел на компанијата, Мартин От, може да биде даден на суд бидејќи не ги бришел навредливите коментари. Говорот на омраза против малцинствата и мигрантите е сериозен проблем во делови од Европа од почетокот на бегалската криза, вклучувајќи ја и Македонија. Но, бидејќи Германија често е крајна дестинација на мигрантите, и прифати огромен број на бегалци од Сирија и Ирак, земјата се соочи со бунт од своите граѓани, и како последица на ова нео-нацистите во земјата станаа погласни.

1 коментар на “Германија ги натера Facebook и Google да бришат говор на омраза во рок од 24 часа

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии