Германија бара Facebook да го тргне препознавањето на лица, не е според ЕУ законите

По забрана на Google Street View, германските власти сега му се налутија и на Facebook зарадо нарушување на приватнсота, претејќи со тужба поради технологијата за препознавање на лице која друштвената мрежа ја стартуваше неодамна.

Според Facebook, опцијата за препознавање на лице, Tag Suggestions, го прави тагирањето на сликите полесно. Користејќи биометричка технологија која ги препознава обликот на лицето и растојанието меѓу очите, Facebook ќе го препознае лицето на новозакачената фотографија и ќе сугерира име за да го тагирате.

Facebook ја стартуваше Tag Suggestion без воопшто да ги информира корисниците. Тоа тогаш ја налути Европската Унија која започна проверка околу како мрежата ја користи технологијата за препознавање на лице. Опцијата е стартувана и за македонски корисници.

Според германските власти, оваа опција ја нарушува безбедноста на корисниците посебно поради фактот што Facebook ги складира „биометричките податоци“ без согласност од корисниците.

„Повторно и повторно баравме од Facebook да ја изгаси опцијата за препознавање лица и да ги избрише сите складирани податоци.“, вели хамбуршкиот комисер за заштита на лични податоци, Јанес Каспар за Deutsche Welle. Тој додава дека оваа технологија е против законите за приватност на Германија и Европската Унија поради тоа што Facebook ги дезинформира корисниците.

Facebook вели дека Tag Suggestion опцијата може да се изгаси. Но, како и со многу опции на друштвената мрежа, Tag Suggestion е активирана по зададено, по default. Ова значи дека ако самиот корисник не ја исклучи, тогаш тој ќе биде препознаван на слики и сугериран за тагирање, а неговите податоци ќе се складираат.

Според германските закони, кои се посебно строги околу приватноста поради злоупотребата на информациите од страна на Нацистите, ниту една информација не смее да биде складирана без да се информира корисникот.

„Просечен корисник не знае како да избрише биометричките податоци. Покрај тоа, баравме овие податоци да бидат складирани откако корисникот ќе се согласи на тоа. Првин, компанијата мора да го праша корисникот дали сака тие податоци или не бидат складирани. Facebook им само дава опција за можно гасење. Ако не ја изгасите опцијата, тоа не значи дека се согласувате.“, вели г. Каспер.

Германските власти му дадоа две недели на Facebook да спреми одговор. Facebook, пак, изјави дека нивната технологија за препознавање на лице и начинот на кој ја користат е во согласност со европските закони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии