Гери Вејнерчук: Нѐ очекува стартап армагедон

Гери Вајнерчук е влијателен инвеститор во стартапи, еден од првите интернет маркетинг експерти, помеѓу првите YouTube ѕвезди и инвеститор во Twitter, Facebook и Tumblr. Затоа кога тој предвидува дека најдоцна за десет години нè очекува стартап армагедон, добра идеја е засегнатите да слушаат.

„Ова е најповолната ера за лажни бизниси досега“.

Главна причина за ова, вели тој, е што креаторите на стартапи не прават компании, туку финансиски машини. Знаат дел од условите кои треба да ги исполнат за да стигнат до инвестициските фондови. „Повеќе никој не гради стартап бизнис. Сите креираат стартап финансиски машини. Не можам да го дочекам моментот кога ќе им дојде крај на 97 отсто од овие лажни претприемачи“.

Една од причините поради која ова се случува е огромниот број на инвеститори, голем број на супер ангели инвеститори, имаат огромни заработки, и со овие пари финансираат нови стартапи. Но, инвестициите во погрешни комании ќе им донесат огромни загуби, верува г.Вајнерчук. „Ќе изгубам многу, многу пари во овие шест, седум години, бидејќи се обложував на компании кои се без можности, не можев навремено да дијагностицирам дека креираме култура, дека секој студент на планетава одлучи: Нема да одам да работам! Имам идеја!“, вели г. Вајнерчук.

2 коментари на “Гери Вејнерчук: Нѐ очекува стартап армагедон

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии