Geoffrey сака да биде вашиот електронски келнер

Прашање на време е кога ќе влезете во некој македонски ресторан и наместо да ве пречека келнер, ќе ги направите нарачките преку паметен уред. Всушност, ако го прашате Geoffrey, таблет компјутер наменет за угостителството, таквата еволуција е сосема природна, дури и во Македонија. Уредите се веќе достапни – Geoffrey нуди дигитално мени и електронски нарачки, а има и други системи како R-Кеееper, за кој пишувавме неодамна. Се што треба да се направат сега е да ја убедат индустријата која вообичаено е традиционална, и чија работа е непроменета со декади.

„Локалните ресторани моментално работат традиционално, но самите тие се свесни дека иднината е во овие уреди кои додаваат вредност и ја прават работата полесна. Долгорочно, Geoffrey не треба да се смета како трошок, туку како инвестиција во подобар бизнис“, вели Катерина Галиќ од Спектартермо, компанија која го донесе Geoffrey во Македонија.

Geoffrey не е како вообичаените таблет компјутери кои ги користиме приватно или за работа, туку е уред кој е дизајниран ексклузивно за рестораните. Водоотпорен е и не му пречат надворешните услуви, и според г-ѓа. Галиќ, и според Geoffrey, електронскиот келнер може да ја подобри услугата на рестораните со побрзи нарачки. Geoffrey, кој чини околу 18.000 денари по уред, ги пречекува гостите на масата кои штом ќе пристигнат ќе може веднаш да направат нарачки. Келнерот се појавува само кога го донесува кафето или храната и кога треба да се плати. Проценките се дека Geoffrey може да ја подобри продажбата за 14 отсто со импулсивно купување и со намалените трошкови бидејќи ја оптимизира работната сила, или пак да ги намали трошоците како принтање на флаери бидејќи има опција за прикажување на промоции. За бизнисите е добро бидејќи имаат пристап до статистики и анализи на нарачките.

На кратко, Geoffrey го заменува менито, весникот и келнерот во едно, но го прави тоа во индустрија која не сака да се смени. Предизвикот за помодерно угостителство е пред Geoffrey и другите таблет уреди да се покажат како вредни да ги заменат келнерите, барем кога стануза збор за нарачките.

[youtube]n1IcSQXdZ8M[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии