Genshin Impact е игра која печали по 6 милиони долари дневно

Не толку одамна, пишувавме за тоа колкав хит стана Genshin Impact.

Како огромни фанови на играта на Mihoyo, и самите не сме изненадени од популарноста на овој впечатлив Zelda: Breath Of The Wild клон. Она што нè изненади е сознанието за тоа колку студиото заработува од играта. Имено, само за последните два месеци, играта регистрира заработка од скоро 400 милиони долари. На просечно ниво, излегува дека гејмерите вложуваат околу шест милиони долари дневно.

Причината зад толкавата заработка се должи на имплементираниот gatcha систем преку кој добивате нови херои со целосно нови способности. Системот се заснова на механика на случаен избор и шансите да го добиете баш тоа што го сакате, херој или оружје, знаат да бидат исклучително ниски. Доколку сте во ред да играте полека, без брзање и без нерационална желба за отклучување на хероите, навистина нема да наидете на сопки кои ќе ве натераат да посегнете по паричникот. Во тој случај, незадолжителната претплата од пет долари се чини како сосема доволна.

Во чест на постигнатиот финансиски успех, студиото подарува 800 primogens, дигитална валута со која можете да си ја пробате среќата за отклучување нов лик или оружје. Гестот важи до 6 декември.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии