General Motors се првите кои ќе го додадат Apple Siri во своите автомобили

General Motors ќе биде првиот производител на автомобили кој ќе го додаде говорниот асистент на Apple во новите Chevrolet Spark и Sonic модели. BMW, Toyota, Mercedes, Honda и Audi веќе најавија дека и тие ќе го интегрираат Siri во своите електронски системи.

Интеграцијата е всушност додавање на копче на воланите преку кое може да се пристапи до говорната апликација. Ова е побезбеден начин за разговарање со Siri од тој да се тргне погледот од патот, или рацете од воланот за да се кликне на телефонот. Поврзувањето на Siri во стандардниот MyLink систем на Chevrolet моделите се прави преку Bluetooth врска.

Во моментов само корисниците на iPhone 4S и iPhone 5, нема информации за поддршка за iPаd, ќе можат да го користат Еyes Free модот за да комуницираат со Siri без да се вклучи (осветли) екранот на телефонот. Преку овoj мод на Chevrolet, корисниците, т.е. возачите, ќе можат да повикуваат броеви преку Siri, да пуштаат песни или да склопуваат пораки само со говор, и со две раце на воланот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии