General Motors најавува роботи таксисти во 2019 година

General Motors најавува дека роботи таксисти ќе започнат да ги освојуваат улиците во 2019 година. Компанијата со ова го најавува својот прв јавно достапен сервис со автономни возила, но засега не објавува кој е градот и каде започнува услугата. Доколку го оствари ветувањето, General Motors за две години ќе го претрка Ford, кој ги најави автономните возила за 2021 година.

Компанијaта веќе имаше претставување на автономните возила за новинарите. Првите возења покажуваат дека Chevy Bolt вози без поголеми проблеми, вели Verge.

Image courtesy of General Motors

General Motors е најголемиот американски производител на автомобили, но до неодамна се чинеше дека компаниајта значително доцни со автономните возила зад конкурентите. Waymo на Google сè уште е далеку пред конкурентите, но GM со купување на компании и стартапи се обидува да го стигне. Компанијата неодамна најави дека ќе го купи производителот на LiDAR, Strobe. Дури и одделот за автономни возила на GM, Cruise, една година е дел од коорпорацијата.

Најавата за креирање на такси сервис на GМ е интересна бидејќи креира нови конкуренти за GM. Сега компанијта нема да се натпреварува само со производителите на возила, туку и со сервиси како Uber и Lyft. Можеби новите навики на новите генерации кои не купуваат возила се причината поради која и производителите истражуваат алтернативи.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии