Гејмингот не е само машки спорт, дури 48 отсто од девојките играат видеигри

И девојките се гејмери, покажа истражувањето на Entertainment Software Association во кое се вели дека полот на гејмерите не е важен, и дека дури 48 отсто од играчите се жени. Истражувањето покажува дека бројот на жени играчи над 18 години е речиси двојно поголем од бројот на момчиња до 18 години. За само една година бројот на жени над 50 години кои играат видео игри порасна за 32 отсто.

Истражувањето е направено со американските гејмери, односно со 59 отсто од Американците кои играат видеоигри. Просечната возраст на сите гејмери е 31 година, но тоа што е интересно во податоците е што покажува дека има двојно повеќе женски играчи над осумнаесет години во споредба со машките под 18 години, или 31 наспроти 17 отсто. Иако гејмингот е сè уште „машки спорт“ во кој 52 отсто од играчите се мажи, ова е всушност значително намалување во однос на претходната статистика кога односот беше 55:45.

Најголем е порастот кај „casual“ играчите кои пораснаа дури 55 отсто и можеби токму тука треба да се гледа учеството на жените гејмери, пред се на жените над 50 години, кои сега веќе се значителен дел од пазарот. Интересно, но жените кои играле видео игри потрошиле дури 50 отсто повеќе пари на мобилните игри преку микротрансакции во игрите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии