Гејмингот не е само машки спорт; 48% од Американките играат видеоигри

Речиси и да нема разлика во бројот на играчи кога половите се во прашање. Последното истражување на Pew Research Center покажа дека видеоигри играа 50 отсто од мажите и 48 отсто од жените. Дури 49 отсто од возрасните Американци играат видеоигри.

Анкетата е направена на испитаници од САД, па можеби и не ја отсликува состојбата во целиот свет. Ако во САД статистиката покажува созреана гејминг сцена во која развивачите на игри имаат предизвик да креираат содржина која ќе им се допадне на двата пола; сепак во Македонија гејминг светот е доминиран од машките играчи. Но, ова се менува постепено. Перцепцијата дека гејмингот е машко хоби продолжува, но сега единствено 60 отсто од испитаниците сметаат дака станува збор за машки „спорт“. Значително е намален бројот на луѓе во возрасната популација кои сметаат дека гејмингот е трошење на време, 26 отсто на ова прашање одговориле потврдно, а 24 отсто не се слагаат.

Она што е најинтересно е дека гејмингот станува забавен за сите, за сите возрасти и за двата пола. Поголем дел од испитаниците сметаат дека телевизијата сè уште е поголем извор на забава, но дури 64 отсто испитаници сметаат дека видеоигрите можат да помогнат за развивање на вештини со кои се решаваат проблеми.

PI_2015-12-15_gaming-and-gamers_0-02

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии