Гејминг вести: Warcraft 3 надополнување, Dauntless отворена бета, Destiny 2 експанзија

Колку и да звучи чудно, прастарата Warcraft 3 стратегија во реално време и понатаму се надополнува. Оваа 16 години стара игра конечно доби widescreen поддршка, а и поправи едно чудо проблеми со играта. Автоматските турнири се враќаат веќе од наредната недела, а од Blizzard предупредија дека ова ќе биде последната верзија која ќе биде поддржана за Windows XP. Ова значи дека за играта се во план уште идни надополнувања. Прочитајте за сите промени тука!

Долго очекуваната The Dauntless ќе ги отвори портите на сите заинтересирани на 24.мај. Оваа ко-оп акциона RPG игра привлече многу внимание, до таа мера да 100 000 гејмери веќе станаа дел од тестирањето на затворената бета. Ние бевме одамна поканети да ја тестираме затворената бета и ни се допадна она што го најдовме, особено во пресметките со уникатните ѕверови. Во случај да не сакате да чеката до 24.мај за отворената бета, имаме на располагање 2 кодови за затворена бета.

NEue4v-rcMzwe-KtHcom-UFXJzq-Pr9oqg

AwMWEC-auywbk-VMykqF-Axd3ot-3PvgLH

Кодот можете да го регистрирате тука! Пишете ни во коментарите доколку вие сте среќниот добитник!

Destiny 2 продолжува со полна пареа. Најновата експанзија се вика Warmind и ќе излезе на 8.мај. Warmind ќе понуди на легијата гејмери нови места, нови херои и нови непријатели. Експанзијата ќе биде пропратена со нови сезонски рангирања, приватни натпревари, зголемен простор во трезорот, егзотични оружја и, доколку историјата е некаков показател, сигурни сме дека ќе се провлечат бројни можности за микротрансакции кои само дополнително ќе ги разлутат гејмерите. Трејлерот за експанзијата ќе излезе на 24.април, а до тогаш, се понуди мапа од нивните планови за идни сезони.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии