Гејминг студиото Valve се впушта во производство на хардвер

Valve Software издаде оглас во кој бара хардвер инженери и специјалисти. Огорченоста на компанијата од неинвентивните производители на хардвер, се гледа и во огласот за работа за индустриски дизајнер во кој стои дека компанијата е фрустрирана поради недостигот на квалитетен хардвер.

Компанијата ги потенцира глувчето и тастатурата кои не се променети со години, а ArsTechnica јавува дека Valve поседува патент за „контролер со променливи делови“. Барањата во огласот се шест години работа на поле на индустриски дизајн во компанија со светско реноме.

„Ние постојано растеме. Повеќето луѓе мислат на Valve како компанија која прави видео игри и ние сме тоа. Но, исто така, изработуваме софтвер кој е вграден во овие игри, но и платформа која им овозможува на милиони фанови игри, акција, модифицирање, но платформа која има изградено заедниц околу 1.800 наслови. Ова не прави студио за забава. Како такво, нашата потрага по таленти не води надвор од индустрија за игри, во областите на архитектурата, економија, психологија, индустриски дизајн.”, стои во огласот на Valve. „Ние не само што растеме. Ние се разгрануваме. Што е следно? Можете да ни кажете. Ние постојано сме во потрага по талентирани луѓе со оригинални идеи и страст да ги реализираат.“

Ова не е прва најава дека Valve работи на хардвер, но досега компанијата брзо ги демантираше ваквите најави велејќи дека компанијата е со години далеку од објавување на било какви хардвер компоненти на пазарот. Постои вистинска празнина на пазарот и можностите да се креира интересни искуства за корисниците се занемаруват стои во огласот.

Покрај ова сè уште се актуелни и гласините за конзола Steam Box, а започнаа откако Тим Кук од Apple беше забележан во зградата на Valve.

Во моментов Valve се актуелни со очекувањето на софтер во нивната онлајн продавница. Но, уште повеќе со издавањето на корисничкот мод за HalfLife 2, Black Messa  кој ќе излезе на 14 септември.

[youtube]n54ILGwO68c[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии