Гејминг (р)еволуција @ E3

Виртуелен лик кој може да препознае емоции, видео игри која реагира на движење на телото наместо џоистик или тастатура, еден џоистик за 3Д движења… овие револуционерни нешта беа промовирани деновиве на Еlectronic Entertainment Expo или Е3 саемот, кој траеше од 2 до 4 Јуни. На саемот секоја година се промовираат најновите нешта во гејминг индустријата и се најавуваат најновите игри.

По тоа што беше прикажано овој Е3 2009 е револуционерен саем. Microsoft го објави Natal, контролер со 2 камери со кои може да се играат игри само со движење на телото. Sony го објави Motion Controller, нешто налик на Nintendo Wii каде со еден едноставен џоистик и движење на раката ќе може да играте видео игра.

„Огромната предност на 3Д камерата е тоа што, ако е доволно моќна, може да ви направи илузија дека вие сте тие на екранот“ вели Ивес Гулемот, претседателот на Ubisoft, компанија која ги најави Assasin’s Creed 2 и Red Steel 2 за Nintendo Wii.

Револуционерни камери и платформи дефинитивно можат да ги променат не само видео игрите, туку и начинот на кој ги користиме компјутерите и како комуницираме.

Подолу најдоброто што го издвоивме од E3:

  • Microsoft Natal – едноставно револуција. Подолу имате видео за Natal, а можете да прочитате повеќе тука

Еве како изгледа видео играта Milo на Lionhead креирана за Project Natal, исто презентирана на Е3.

  • Sony PlayStation 3 Motion Controller – По чекорите на Nintendo Wii, Sony направи свој контролер кој реагира на движење. Реакциите се доста реални и импресивни бидејќи виртуелниот предмет може да се движи 3Д. Погледнете ја презентацијата за PlayStation Eye oд Е3.

Во продолжение ќе ги видите најновите игри кои не очекуваат во 2009 и 2010. Видеата главно се демо или само трејлери, додека за други има и гејмплеј.

  • Assasin’s Creed 2 – Првиот дел имаше неверојател успех. Сега беше најавен долгоочекуваниот втор дел од Assasin’s Creed.

  • Red Steel 2 – Играта е за Nintendo Wii и е одлична игра. Видеото е превземено од CrunchGear и по треилерот следи презентацијата за како се игра играта.

  • Star Wars: The Old Republic – ова е MMORPG (масивен мултиплеер онлајн игра) на Bioware и LucasArts.

  • Тhe Saboteur – Играта е преставена како мешавина од Commandoes, Hitman и Grand Theft Auto.

  • Halo Reach – Играта е најавена за есен 2010 година.

Покрај овие најавени се и Crysis 2, Mass Effect 2, Grand Turismo 5, God of War 3, FIFA 10 (слики од Fifa можете да погледнете на сајтот на IGN тука).

Повеќе за Еlectronic Entertainment Expo.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии