Гејминг претплата, сите игри за 100 долари годишно со Origin Premier

Дејан Соколоски

во гејминг

EA Games со Origin е далеку по бројот на игри од Steam. Сепак иако генерално ова е недостаток, EA успеа да пронајде начин да профитира. Компанијата најави нов сервис Origin Access Premier со кој сите игри, дури и најновите ќе им бидат достапни на претплатниците.

Секако претплатата не е секогаш најдобриот избор, можеби некои игри нема да ви се допаѓаат, но ако купувате барем 2 игри годишно, пример FIFA и Battlefield 5, ќе поминете поевтино со претплата. Според најавата претплатата ќе чини  15 долари месечно, или 100 долари годишно.

За оваа претплата може да ги играте сите игри, и постарите игри кои и досега беа достапни за 5 долари со Origin Access. Но, и новите игри кои треба да излезат во иднина. Веќе за неколку месеци излегуваат првите игри кои ќе бидат достапни со претплата.

  • A Way Out
  • Unravel Two
  • Madden 2019
  • FIFA 2019
  • Battlefield V
  • Anthem

Она што е интересно е дека како издавач EA има помалку игри од Steam, можеби бројката на игри е слична со Ubisoft кој би можел наскоро да понуди слична опција. Дали оваа одлука на EA ќе направи некое посериозно поместување во начинот на кои се купуваат игрите ќе дознаеме наскоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии