Гејминг преку прелистувач

Со cloud computing преку прелистувач вие имате пристап до видео игрите. За гејмерите ова е одлична услуга бидејќи нема потреба од инсталирање и посебен хардвер, а ќе ја имаат играта во целина токму како што е замислена од програмерите и дизајнерите. Mоже да биде проблем за компаниите бидејќи продажбата на дисковите ќе опадне, но можат да заработуваат oд претплата. Единствено можат да изгубат производителите на хардвер делови, но секое време си носи свои жртви.

Една од тие технологии кои ги развиваат овие идеи е Gaikai. Дејвид Пери, човекот зад Gaikai објави демо видео за да покаже како функционира сервисот. И може да се каже дека Gaikai функционира беспрекорно и брзо.

Но прво што мора да се забележи дека во моментот на правење на видеото Gaikai го користи само тој и можеби уште некој. Прашањето е дали ќе функционира исто толку брзо и беспрекорно кога милиони и милиони луѓе ќе го користат сервисот. Во демото тој игра популарни игри, две од кои се виртуелни светови со регистрирани 10+ милиони корисници…

Брзината на интернетот не би требало да биде проблем, земајќи во предвид дека додека да биде објавена јавно оваа технологија, широкопојасниот интернет ќе биде доволно развиен, но останува проблемот со лимитот на интернет сообраќајот. Колку ќе троши играњето игри онлајн преку стриминг сервис?

Сепак оваа и слични „облак“ технологии се во почетната фаза на развој, можеби ќе се појават за 4-5 години. А до тогаш кој знае…?

Видеото можете да го погледнете подолу, а повеќе информации ќе најдете на блогот на Пери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии