Гејминг предлози – најновото и најдоброто од неделава

Од нашата листа за најочекувани игри за месец септември веќе излегоа четири игри, а доколку не сте по креативно ликвидирање зомби чудовишта (Dead Rising), издигањето и паѓањето на човечкиот интелект (BioShock: The Collection), нови фудбалски авантури (Pro Evolution Soccer 2017) или раната верзија на една од најдобрите RPG остварувања (Divinity: Original Sin 2), ви подготвивме и уште еден прирачник со најновото и најдоброто од неделава. Она што на вас оставаме е да најдете барем малку време викендов и да пробате да се опуштите со некој од насловите.

ReCore

ReCore, првата од трите пионерски игри на Мајкросовата иницијатива Xbox Play Anywhere  е излезена и би лажеле кога би кажеле дека се работи за нешто повеќе од просечна акционо-авантуристичка игра со разблажени RPG примеси. Иако IGN Italia и дава висока оценка од 75 сепак признаваат дека јаката страна на играта е закопана под бројни несовршености и долгото време на вчитување. Матичниот IGN, со оценка од 73, исто така ја напаѓа неоптимизираноста на играта, а Vandal Online (70) сметаат дека отворениот свет е непотребен и лошо осмислен. The Jimquisition (70) признава дека се работи за забавен продукт кој се одликува со убедливи причини за играње, а слична е ситуацијата со Giant Bomb, иако нивната оценка од 40 не може да ја прости виулицата од багови, лошата приказна и темпото со кое се кажува. И покрај Metascore оценката од 62 и бројните технички проблеми ние и понатаму сметаме дека ReCore е забавна игра и дека вреди да се провери, барем на кратко.

Avadon 3: The Warborn

Третата и последната игра од епската Авадон трилогија е излезена и, достојна на двата претходника, нуди незаборавна приказна со различни краеви, второстепени задачи, пет класи со уникатни магии и способности. Иако авторот вели дека не е потребно да ги имате одиграно претходните две игри, ние би сакале да ви го советуваме сосема спротивното. Авадон не може да се пофали со одлична графика, но е затоа маестрално напишана RPG авантура со солиден old school гејмплеј. Deluxe верзијата на играта ќе ве награди и со целосен walkthrough за главната и споредните мисии, како и со целосна документација и десктоп заднини за играта.

Event[0]

Инспирирана од научно-фантастичните класици како 2001: A Space Odyssey, Event[0] е игра во осамено вселенско летало каде подеднакво се посветува внимание на суптилна приказна, истражување и градење однос со вештачка интелигенција. Destructoid и даваат оценка од 90 и се чудат како е можно до таа мерка да се грижат за чувствата на лажен A.I. во еден измислен свет, а PCWorld се согласува (70) и вели дека Event[0] никако не е совршена, но затоа би можела да биде една од најважните инди игри во 2016. Gaming Trend и ја доделуваат најниската оценка од 65 и велат дека е забавна и интересна истражувачка игра и, иако ја ценат можноста за различни краеви, не можат, а да не се чувствуваат како да ѝ недостасува нешто на играта, поточно на приказната.

TOXIKK

Уживателите на FPS/ арена шутери од деведесетите би сакале да ги упатиме кон TOXIKK. TOXIKK е модерна реализација на мрежниот дел од игрите како Unreal Tournament, Quake или Doom. Со оглед на тоа дека се работи за инди игра, TOXIKK не би можел целосно да се носи со чистокрвните ААА титани, но е солидна алтернатива. Најдоброто од сѐ? Не мора да платите за играта. Бесплатната верзија не дискриминира премногу и дозволува играње на официјалните сервери, matchmaking, single player и употреба на сите оружја и таканаречените mutators. За да играте на сите мапи и имате пристап до целосната кампања и достигнувања потребно е да ја купите основната верзија за 12 евра. Во поглед на техничките недостатоци, малку сме загрижени за нестабилноста на серверите. При нашето тестирање, конекцијата често пукаше, а приклучувањето на мрежните мапи беше отежнато. Авторите, меѓутоа, побрзаа да ветат дека работат на случајот и дека таквото нешто би требало да се искорени во најскор можен рок.

Battlefield 4 додатоците

Battlefield 4 не е нова игра, но почуствувавме потреба да ја споменеме и неа. Имено, додека го чекате излегувањето на Battlefield 1, разгледајте го редизајнираниот изглед на ЕА продавницата Origin и почестете се со сите проширувања за играта. Во чест на новиот дизајн, кој од неодамна излезе од бетата, Origin има попусти на скоро сите продукти со внесување на кодот Origin50, a петте додатоци за Battlefield 4 се бесплатни. Стандарната едиција на Battlefield е 20 евра, односно 10 со кодот или пак само 4 евра, доколку станете дел од Origin Access програмата. Промоцијата трае до 19 септември, а дури и да не ја имате основната игра, можете да ги земете сите додатоци сега, а да ги играте во моментот кога ќе ја купите играта.

За крај, би сакале да ве потсетиме дека The Crew е бесплатна, а излезе и златната едиција на The Elder Scrolls, како и комплетната верзија на The Witcher 3.

Убав викенд и пријатно играње! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии