Гејминг новости од минатата недела

Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Си земавме за право да го ископаме најновото и најважното за да не мора вие да трошите време! :)

Titanfall 2 ги сподели новостите за хардверската побарувачка, а и спомена дека ќе се одликува со мекови кои ќе се разликуваат во неколку офанзивни и дефанзивни аспекти и ако некој мек е добар за снајперско надгледување, друг е добар за користење ладни оружја, а трет за следење на непријателското движење. Оние кои не можат да се заситат од играта би можело и да ги израдува веста дека се работи и на спин оф игра за мобилните направи.

Capcom објасни дека оделе со друг актер за Dead Rising 4 само затоа што сакале да работат со некој кој можел да позајми глас на постара верзија на Френк Вест, а се објавија и харверските побарувања за Resident Evil 7 кои, да бидеме искрени, и не се толку високи колку што очекувавме.

2K Sports, пак, ги откри плановите за сите додатоци за WWE, a Mafia 3  ќе се одликува и со мобилна верзија. PC верзиите на Bioshock колекцијата ќе добијат закрпи за посоодветна графичка подршка.

На некое друго место и време, Ubisoft ги потсети фановите дека не ја напуштаат Division и дека наредната закрпа ќе помогне на балансот на играта. Telltale не објасни ништо за лошиот технички старт на играта за темниот витез, но затоа ја издаде втората епизода (која е феноменална!).

Кога сме кај излегувањето нови наслови, на располагање ја имате и Destiny: Rise of Iron, Forza 3, Cossacks 3 и NBA 2K17 и, од некоја причина, и Sorcerer King: Rivals. За подетален увид во сите очекувани игри за септември, тркнете тука!

Од неделава, Stardew Valley располага со мод за мрежно играње, месеци пред официјалната опција да биде овозможена од оригиналните креатори, а Dishonored 2 се поднови со трејлер кој одлично ги прикажува новите моќи на двата хероја.

Саканиот Steam, конечно реши да попушти и да го намали интензитетот на агресивната кампања со борбата против злоупотребата на системот со рецензии. Сосема неповрзано, несаканите издавачи Digital Homicide почнаа да тужат сѐ живо и диво, па Steam целосно ги блокира и исфрли од нивната платформа. Погодете кого Digital Homicide се спрема да тужи сега?

По 20 години постоење, Battle.net, звучното име на гејминг сервисот на Blizzard ќе се преименува во Blizzard tech, а од никаде се појави веб сајт кој најавува HD верзија на Diablo II. Blizzard се изјасни дека тоа не е нивно дело и веднаш по тоа сајтот, таинствено како што и дојде, исчезна.

Од друга страна, убиствената камера на Sniper Elite 4 потсетува на сличниот графички елемент од Mortal Kombat, што е навистина добра работа, а најновото видео за Call of Duty: Infinite Warfare дава детален увид во мрежниот дел од играта!

Dark Soul 3 мазохистите можат да го погледнат гејмплеј трејлерот за првото DLC, а слична е ситуацијата и со „фановите“ (?) на Мetal Gear Survive.

За крај, да споменеме дека се подготвува ново проширување за The Sims 4, а GTA V доби комплетна преработка со GTA V Redux. Во случај да барате некоја нова игра за играње, не заборавајте да ја погледнете нашата листа од гејминг предлози, но, пред тоа, забавувајте се и со трејлерот за Gears of War 4!

Која вест највеќе ви се допадна? Која пропуштивме? Кажете ни во коментарите, на друштвените мрежи или во гејминг секцијата на ИТ форум!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии