Гејминг новости од минатата недела #97

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, деведесет и седмо издание.

Распродажби на игри со попусти до 90% ги задеваа гејмерите низ скоро сите продавници за дигитални клучеви. Заинтересираните можеби сеуште имаат време поевтино да си ги купат омилените игри од Steam, Humble Bundle, Fanatical, GOG, или GamersGate.

Half-Life навлезе во дваесеттата година од нејзиното постоење. Во чест на таквото достигнување, можете да го одгледате и првиот трејлер за Black Mesa: Xen. Се очекува играта да излезе во втората половина во новата година, а моментно се работи на полирање и подобрување на стабилноста.

The Walking Dead: The Final Season повторно е во изработка. Веста беше споделена неделава, од страна на претставници од Skybound – студиото кое ја презема работата на сега-распуштеното Telltale. Датумите за излегувањето на третата и четвртата епизода ќе бидат споделени наскоро. Сите оние кои веќе ја имаат купено играта, ќе ги добијат преостанатите епизоди без дополнително доплатување.

Divinity: Original Sin 2 доби бесплатна Game Master кампања сместена во универзумот на Dark Eye. Таканаречената The Prison of Shadow кампања е нова авантура за три до пет играчи. Замислена да ве испрати во напуштен град, ќе биде потребно да најдете магичен артефакт и да се спријателите со бројни нови лица.

Planetside 2 се поднови со нова фракција која ви дозволува да играте со робот платеник. Со оглед на тоа дека сте платеници, непостоечкиот морален компас отвора можности за борење за кого било. Четвртата фракција излезе во чест на шестгодишнината на Planetside 2.

Black Ops 4 се продава повеќе од одлично и се чини дека играта воопшто не е финансиски казнете со немање кампања за еден играч. Според NPD групата, играта се поставува како најпродавана игра на годината и како втора најпродавана игра во периодот од последните дванаесет месеци.

Civilization 6: Gathering Storm e најновата експанзија која ќе излезе за шестата Civilization. Замислена е да воведе природни катастрофи, но и климатски промени предизвикани од играчите. Играта ќе излезе на 14.февруари. Во меѓувреме, очекувајте го нашиот детален преглед за проширувањето.

Британската комисија за коцкање не го поврза коцкањето со кутиите за плен. Според нивниот најнов извештај, од испитани 2865 деца, само три во десет дечиња отворале кутија со плен во игра, но таквото нешто немало допирни точки со коцкањето.

Nier: Automata Game of the YoRHa Edition ќе излезе за PC и PS4. Од ваквото издание првенствено се очекува основната игра да биде заедно со додатокот, но многумина се надеваат дека и портот за PC ќе биде значително надграден.

Mount & Blade 2: Bannerlord ќе ви дозволи да основите семејство и да имате деца. Играчите и NPC ликовите ќе можат да се втурнат во длабоки односи кои ќе резултираат со бебиња кои ќе личат на нивните родители, како и да наследат сè од нивните родители и да ја продолжат крвната линија.

Euro Truck Simulator 2 ќе ја исфрли втората експанзија за Источна Европа на 29.ноември. The Beyond the Baltic Sea ќе воведе делови од Јужна Финска и Западна Русија. Низ 13,000 km од нови патишта, ќе можете да навлезете во 24 градови.

No Man’s Sky исфрли уште едно бесплатно надополнување. Насловено Visions, надополнивањето воведува нови биоми, рециклирање, археологија, нови светови и визуелни ефекти, како виножита.

Shenmue 3 собра скоро 7.2 милиони долари. Нешто повеќе од 80 000 гејмери ја поддржаа играта и собра импресивни средства за третото продолжување во играта. Shenmue 3 излегува за неполни десет месеци, односно на 27.август 2019 година.

Bard’s Tale 4 исфрли содржително надополнување кое, меѓудругото, воведе grid движење, можности да ја сочувате играта каде било, како и да ги смените способностите. За останатите промени, консултирајте се тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии