Гејминг новости од минатата недела #93

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, деведесет и трето издание.

The Witcher писателот на книгите, Андреј Сапковски побара од студиото зад The Witcher игрите да му се плати нешто повеќе од 16 милиони долари. На времето, авторот мислел дека ништо нема да се направи со The Witcher игрите и ги продал правата на студиото, но сега смета дека има законска основа која CD Projekt мора да ја испочитува и да му исплати барем 6% од целокупната заработка. CD Projekt го одби таквото барање и се изјасни дека не му должат на авторот ништо.

Harry Potter RPG игра би можела да се појави откако случајно се открија делови од играта онлајн. Едноминутното видео прикажа акција од трето лице, начини за создавање лик и негово водење низ најразлични локации. Видеото набргу беше отстрането, но се шепоти дека играта би можела да се вика Harry Potter Magic Awakened.

Killing Floor 2 го започна нивниот познат настан за ноќта на вештерките. Најновото надополнување се вика Halloween Horrors: Monster Masquerade и се одликува со нова мапа, нови Halloween модели, ефекти и звуци, како и нови оружја. Оние кои ја имаат во Steam и играта Road Redemption, ќе можат да користат крајно-ефикасна бејзбол палка која се вика Road Redeemer. Настанот трае до 6.ноември.

Indiana Jones and the Infernal Machine може да се купи како дигитална игра, по прв пат откако играта излезе во далечната 1999 година. Оваа класична авантура се продава ексклузивно на GOG платформата, по цена од 6 долари.

Dungeons & Dragons Online по прв пат излезе во 2006 година, но оваа ММО игра и понатаму ужива во вниманието на поголема група гејмери. Неодамна, играта го доби четириесеттото надополнување и им подари на играчите бесплатна наметка. За да го добиете подарокот треба само да ја посетите дигиталната продавница од играта. Надополнувањето се вика Cloaked in Darkness и воведува нов рејд, како и стандардниот фестивал Night Revels, заедно со два нови предизвика за зандани, подобар пристап до сите предизвици од настанот, како и нови предмети, и миленичиња.

New World е ММО играта на гигантот Amazon. Многу работи не беа познати за играта, но неделава произлезе видео приказ од девет минути каде еден од бета играчите истражува раскошна област во новиот свет. Верувале или не, таквиот видео материјал првенствено беше поставен на порнографскиот сајт PornHub. Изненадените посетители можеа да добијат увид во бројни механики кои повеќе црпат инспирација од survival игрите отколку од стандардните ммо игри.

Shadow of the Tomb Raider ќе има седум додатоци за играта. Првиот додаток ќе се вика The Forge и ќе ви дозволи да ги проверите способностите на Лара во целосно нова гробница и да отклучите нова вештина, облека и оружје. Предизвиците во гробницата ќе можете да ги отклучите сами или во група. Додатокот излегува на 13.ноември.

Fortnite се одликува со Support-A-Creator програм каде фановите ќе можат да донираат вистински пари на сите креатори за играта. За време на овој привремен настан, играчите ќе можат финансиски да ги наградат нивните омилени стримери, јутубери, косплеери, уметници и слично. Секојпат кога некој ќе потроши V-bucks во играта за да купи нешто од продавницата, вашите омилени креатори, кои претходно сте ги одредиле, можат да печалат по само 5 долари за секои 10 000 V-bucks потрошени во нивно име. Настанот трае до крајот на годината, повеќе информации имате тука.

А, на некое друго место, нов трејлер за Darksiders 3 покажа што се случува кога Fury ќе ја ослободи силата врз непријателите, а Mutant Year Zero покажа 20-минутен гејмплеј кој значително потсетува на акцијата во XCOM игрите. Space Hulk: Tactics, пак, прикажа како лесно може да се уништи цела планета, а, тука некаде, се провлече и нов приказ за System Shock римејкот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии