Гејминг новости од минатата недела #92

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, деведесет и второ издание.

Black Ops 4 го одржа бета настанот за нивниот Battle Royale мод и од она што можеше да се види, за минимално искуство потребно е конфигурација со Intel Core i5 2500k, 8GB RAM, Nvidia GeForce GTX 660 2 GB, додека препорачаната конфигурација диктира услови за Intel Core i7 4770k, 12GB RAM, и Nvidia GeForce GTX 970.

Negligee: Love Stories е првата игра за возрасни на Steam која не подлегнува на никакви цензури и може да се искуси онака како што е осмислена од девелоперите. Ваквото нешто стана реалност откако Valve се изјасниа дека ќе дозволат пристап на нивната платформа се додека играта нема нелегални содржини и не е од тролски карактер. Пред Negligee: Love Stories, Valve бараше слични игри да ги прикријат сексуално експлицитните сцени или целосно да ги исфрлат доколку сакаат нивната игра да се најде на Steam.

Јust Cause 4 се спрема да излезе на 4.декември, а во меѓувреме проба да ги заинтригира фановите со нов трејлер каде се прикажува сеење хаос низ прашуми, џунгли, и пустини.

Alan Wake, феноменална хорор/ трилер игра која како да е произлезена од имагинацијата на Стивен Кинг ќе биде прилагодена за телевизија. На сценариото за телевизиското шок ќе работи Питер Каловеј, најдобро познат по работата на телевизиското шоу Legion. И Сам Лејк, челното лице од студиото зад играта, ќе биде активиран во изработката на телевизиското шоу.

Assassin’s Creed Odyssey ќе има сезонска пропусница која ќе испорача на гејмерите неколку нови епизоди, но и надградена Assassin’s Creed 3. Првото поглавје од три епизоди ќе излезе во декември, а второто на пролет. Како дел од сезонската пропусница ќе биде и Assassin’s Creed 3 Remastered, во целосно нов енџин, текстури за повисока резолуција, и сите додатоци за играта. Со ова, добивате и Assassin’s Creed 3 Liberation Remastered.

Microsoft ја укина Windows Store ексклузивноста на пет игри. Сега, на Steam можете да ги најдете на продажба ReCore: Definitive Edition, како и Super Lucky’s Tale, Disneyland Adventures, Rush: A Disney – Pixar Adventure, и Zoo Tycoon: Ultimate Animal Collection. Правата за ваквата дистрибуција на овие игри ги доби THQ Nordic.

Forza Horizon 4 излегува на 2.октомври, но во меѓувреме понуди дарежливо демо преку продавницата на Microsoft. Демото ви дозволува да се тркате низ преубава Британија со комплексни гејмплеј механики во отворен свет. Со демото е опфатен и начинот на кој сезоните се менуваат и како познатата територија се менува под притисок на елементите.

Dying Light: Bad Blood излезе како дел од раниот пристап на Steam и им нуди на сите заинтересирани малку поразлични Battle Royale механики каде 12 играчи треба да преживеат на мапа полна со зомби чудовишта и да бидат дел од комплксен PvP и PvE систем. Од Techland се изјаснија дека постојано ќе ја надополнуваат играта со нови ликови, предмети и мапи. Финалната верзија на Dying Light: Bad Blood ќе биде бесплатна за играње, но доколку сакате веднаш да ја проверите акцијата, потребно е да одделите 20 долари. Со таквиот пакет, добивате маска, три легендарни изгледи на оружја, 1000 Blood Bucks за купување најразлични работи и уште три други легендарни изгледи кои ќе бидат дадени во наредните три месеци.

Од друга страна, Insurgency: Sandstorm ќе излезе дури во декември, Absolver: Downfall ќе ви дозволи да се борите како Брус Ли, а Frostpunк Fall of Winterhome ќе излезе на 19.септември. Jagged Alliance: Rage го доби првиот гејмплеј трејлер, а Pathologic 2 докажа уште еднаш дека е длабоко-вознемирувачка и чудна игра.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии