Гејминг новости од минатата недела #91

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, деведесет и прво издание.

Wildstar, феноменална ММО игра која на уникатен начин проба да го размрда овој жанр, згаснува. Играта не успеа да собере доволен број играчи и со години се исчекуваше нејзиното згаснување. NCsoft го распушти студиото Carbine Studios и најави дека ќе им ги вратат парите на сите оние кои купиле нешто од 1.јули наваму. Сеуште не се знае кога целосно ќе згасне играта, но не би требало да е повеќе од месец-два. Wildstar излезе во 2014 година, а стана бесплатна за играње од 2015 година. Ние сме огромно фанови на Wildstar, особено на комплексниот систем со домови, но таквото нешто не допринесе бројот на играчи во кое било време да порасне над 200, што е катастрофално лошо за една ММО игра.

THQ Nordic ја купи лиценцата за Kingdoms of Amalur од 38 Studios. Доколку не знаете, Kingdoms of Amalur е одлична RPG игра од 2012 година која се величаше до тој степен да се и работеше на ММО игра во истиот универзумот. Иако на приказната пишуваше познатиот Р. А. Салватор, ЕА не успеа да ја продаде во доволен број количини, а 38 Studios заглави во еден куп долгови. По две содржителни и долги додатоци за играта, студиото се изјасни дека не се способни да продолжат со понатамошна работа. THQ Nordic го купува не само Кingdoms of Amalur туку и напуштениот MMORPG проект кој на времето беше познат под името Copernicus.

Assassin’s Creed Odyssey се спрема да излезе на 5.октомври и, во пресрет на таквото нешто, споделија каков компјутер ви е потребен доколку сакате до одреден степен да навлезете во играта. Па така, за графички-осиромашен престој заснован на минимално ниво, потребен ви е Intel Core i5 2400 процесор, со NVIDIA GeForce GTX 660 графичка и 8GB RAM. Оние кои бараат значително подобра графика и на 1080p резолуција, но до 30 фрејмови во секунда потребно е да се подноват со Intel Core i7-3770 процесор, NVIDIA GeForce GTX 970 и 8GB RAM. Во случај да сакате да навлезете во грчката историја во целата 4К слава, потребен ви е Intel Core i7 7700 процесор, GTX 1080 и 16GB RAM. Интересно е тоа што дури и оваа побарувачка е за 30 фрејмови во секунда.

Lord of the Rings серијалот ќе добие уште една ММО игра, но ниту од Monolith ниту од Warner. Digital Extremes, издавачката куќа зад Warframe, неодамна отвори ново студио кое се вика Athlon Games, а има за задача да го надгради универзумот на Толкин на сосема нова димензија. Договорите беа неодамна потпишани и апсолутно ништо не се знае за тоа каква игра би можеле да очекуваме. Се претпоставува дека до првите видео материјали и новости за играта би можеле да почекаме најмалку година, или две.

Pillars of Eternity 2 ќе го добие второто DLC за игра на 25.септември. Насловено како Seeker, Slayer, Survivor, додатокот тежнее да ве одведе на нов остров полн со квестови и моќна опрема. За додатокот во неколку прилики се потенцира дека главниот фокус му е на битките и овозможување досега невидени борбени тестови. Додатокот би требало да чини околу 600 денари, доколку не се поседува сезонската пропусница. Третиот и последниот додаток за играта се вика The Forgotten Sanctum, а треба да излезе во декември.

Од друга страна, Kingdom Come: Deliverance го доби првиот трејлер за идното DLC, a уште еднаш се потврди дека Хенри Кавил ќе го глуми Гералд во Witcher серијалот на Netflix. Дак Какл, гласот зад Гералд во игрите изјави дека мисли дека Хенри ќе направи одлична работа со ликот. Call of Duty: Black Ops 4 се поднови со нов гејмплеј трејлер за Battle Royale модот, Dontnod објасни што би можеле да очекувате од нивната идна наративна игра – Twin Mirror.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии