Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, осумдесет и осмо издание.

Burnout Paradise Remastered излегува на 21.август, а сите оние кои веќе го имаат купено оригиналот, можат да ја зграпчат надградената верзија со попуст од 75%, односно за нешто повеќе од 300 денари.

Warhammer: Vermintide 2 е спремна да биде проширена со првото DLC. При крајот на месецот, се очекува додатокот насловен Shadows over Bogenhafen да ги одведе играчите во град каде „хероите ќе бидат тестирани како никогаш до сега“. Доколку не ви се допаѓаат вакви магловити задевање, почекајте доколку да го одгледате и самиот трејлер.

Vampyr ќе добие телевизиска серија. Студиото Dontnod Entertainment дозволи на DJ2 Entertainment да работи на телевизиска адаптација на нивната акциона RPG игра со харизматичниот доктор. Студиото кое работи на адаптацијата исто рака работи и на телевизиското шоу кое е засновано на Life is Strange – уште една игра на Dontnod.

Torchlight Frontiers откри нови детали за продолжетокот кој ветува да заплива во ММО водите. Echtra Games објасни дека играта ќе потсетува на претходните две, но со исклучително подобар систем за борби кои ќе се одвиваат во значително поголем свет, отворен за сите заинтересирани. За ММО системите, видеото остави впечаток дека инспирација нема да се зема од традиционалните ММО игри.

Battlefield 5 прикажа како изгледа Battle Royale модот. Трејлерот не е премногу дарежлив во поглед на информациите, но се очекува многу повеќе за време на овогодишниот Gamescom настан. Во меѓувреме, се дозна дека бројот на предвремени нарачки е помал од очекуваното, и многумина гејмери почнаа да го препишуваат таквото нешто на одлуката да се воведат женски, игриви ликови во играта, што не би можело да е подалеку од вистината.

Hitman 2 се стреми да биде една од најдобрите игри со талентираниот атентатор, особено во поглед на бројните начини на кои можете да ги ликвидирате вашите мети. Во најновото видео, студиото покажува како смртта доаѓа во најразлични форми, а рибата дефинитивно не е исклучок. Hitman 2 излегува на 13.ноември.

Bus Simulator 18 доби бесплатно пакетче од мисии. Во случај да сметате дека ваквата симулација со возење автобус е за вас, сега на располагање имате три нови мисии, нови, второстепени задачи, нови точки од интерес и нови скинови и бои. Нам нѝ е преку глава од автобуси, но верувајте нѝ кога ви велиме, има нешто исклучително зависно во Bus Simulator 18.

Far Cry 5: Dead Living Zombies е последното DLC кое е предвидено да излезе за сезонската пропусница. Од 28.август, експанзијата ќе понуди мисии во воени бази, фарми, и населени места, заедно со невообичаена приказна сместена во свет преполн со зомби чудовишта.

Valve, сосема неслучајно, предвреме и привремено го активира нивниот сајт за стримување, Steam.tv. На кратко, одеше пренос од The International 2018, заедно со лента за социјализација со останатите гледачи. Оние кои го посетија сајтот преку Chrome имаа на располагање и поддршка за гласовно комуницирање. Од Valve потврдија дека сајтот сеуште е во фаза на тестирање.

Fallout 76 ја искористи неделата да прикаже ново видео со интересни инструкции кои, доколку ги следите внимателно, ќе можете да соберете бројни пријатели. И потоа да ги гледате како умираат на грозни, грозни начини. Инструкциите се само за во играта и во ситуации на постапокалиптична дигитална реалност и никако не треба да се применува во вистинскиот свет, особено доколку навистина сакате да имате пријатели.

И на кратко, би ве информирале и дека Shenmue проба да ве научи како да се борите на вистински начин и како да го извлечете максимумот од трките со патки. Од друга страна, co-op survival играта Generation Zero доби трејлер со бројни гејмплеј механики. За крај, студиото Chucklefish го најави нивниот платформер со приказна која е комплексна колку и нивните загатки. Inmost ќе излезе во 2019 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии