Гејминг новости од минатата недела #86

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, осумдесет и шесто издание.

FIFA 19 ќе добие уникатен Survival мод каде губите по еден играч секој пат кога ќе дадете гол. Ваквото нешто, смета студиото, би требало да донесе нов предизвик и комични ситуации за играчите. Новиот изборен сет од правила се вика House Rules и се одликува и со можност за исклучување на какви било правила и ситуации каде судијата врти грб на апсолутно сè и не реагира кога ќе се направи прекршок. FIFA 19 излегува на 28.септември.

Darksiders 3 прикажа што отприлика би можеле да очекуваме од загатки чие разрешување бара експериментирање помеѓу огнена магија и експлозивни бубачки. Шест минутниот демо приказ е воден од челните лица на студиото зад играта, а доколку ви се допадне она што ќе го видите, Darksiders 3 излегува на 27.ноември.

PUBG доби надградба која воведува систем за пенетрација на куршумите и ново динамично време. Со деветнаесеттото надополнување, куршумите го пенетрираат телото „следејќи балистичко накривување“. Многу фактори зависат и од тоа дали раката блокира некои поранливи делови од телото. Мапите Erangel и Miramar, пак, станаа подложни на дожд и магла и на создавање нови можности за прикрадување.

Stardew Valley конечно го исфрли со години посакуваниот режим за играње со повеќе играчи. Multiplayer модот е идентичен на sigle player модот, но со една разлика. Низ авантурите на одржување фарма и градење односи се впуштате со уште три ваши пријатели. Еден играч е домаќин кој може да ги покани останатите да му се придружат на моментна или нова фарма. Со надградбата доаѓаат и нови фестивали, нови настани, нови можности за садење, како и способност за промена на одредена професија.

Artifact, играта со карти на семоќните Valve ќе излезе на 28.ноември. Играта ќе зачекори со 280 карти, а играчите ќе можат да купуваат и продаваат карти преку Steam Community Market. Играта ќе чини 20 долари, а во 2019 година ќе се појави и верзија за мобилни.

Yoku’s Island Express доби бесплатно демо. Играта чини 20 евра, но доколку не сте сигурни дали е за вас, издавачкото студио Team17 ве охрабрува да го проверите демото и да се запознаете со Yoku и останатите жители на еден убав, рачно нацртан свет и да ги пробате гејмплеј механиките сместени во metroidvania отворен свет. Демото е на Steam.

Arma 3 доби бесплатно надополнување кое им дава на играчите нов брод, SAM и бомби. Таканареченото Encore Update е пропратено и до бројни прилагодувања на основните гејмплеј механики. Arma 3 е еден од најдобрите воени симулатори кои оперираат на исклучително реалистично ниво. Играта постојано се надградува уште од 2013 година.

Steam би можел да ги врати Flash Sales, кратките распродажби кои беа присутни на сцената до пред неколку години. Во ваквите распродажби, во времетраење од дванаесет часа, се продаваа игри со значително поголеми попусти. Дел од играчите уживаа во навраќањето на Steam и проверка на најновите зделки, но дел беа исфрстрирани од ваквата побарувачка и од купување игра поскапо за да ја најдат поевтино по неколку дена. Потоа, Steam ја олесни политиката за враќање игри и целосно го згасна ваквиот тип на распродажба. Најновиот извештај им дава поголема слобода во поглед на времетраењето на распродажбата и создава услови за враќање на ваквата тактика.

Со малку забрзано темпо, би ве известиле и дека третата епизода на The Long Dark ќе се појави овој декември, а ново проширување за Sunless Seа воведува нови приказни, бродови и топови. The Walking Dead доби Story Builder за да можете набрзинка одново да ги донесете одлуките во претходните авантури за да правилно скокнете во последната авантура со Клем. Во погледот на трејлери, Yakuza O доби невообичаен трејлер кој го одбележа излегувањето на играта за PC, a Life is Strange 2 започна да задева со излегување на играта. Dead Cells излегува од раниот пристап, a Mass Effect трилогијата доби стотици нови текстури.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии