Гејминг новости од минатата недела #85

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, осумдесет и петто издание.

Civilization IV повторно стана актуелна неделава, откако хор од 145 пејачи настапија на шоуто America’s Got Talent и ја отпеаја главната песна од темата за една од најпознатите стратегии. Изведбата ја освои не само публиката, туку и комисијата. Актерката Оливија Мун беше трогната до таа мера да им го загарантира нивното место во наредниот круг.

Vampyr, крајно комплексната RPG игра на студиото зад Life is Strange, ќе добие надградба летово кое ќе ви дозволи да ја одиграте целата игра со поголем фокус на приказната, со што борбата ќе биде ставена на втор план и само за исклучително ретки ситуации. Паралелно со ова, ќе биде имплементиран и исклучително потежок режим. Оние кои ќе решат на навлезат во Лондон преку Hard модот ќе забележат дека битките се значително потешки, а се добива значително помалку искуство од убивањето непријатели.

Shadow of the Tomb Raider се поднови со нов трејлер каде, пред се, се прикажуваат новите способности на Лара при качување. Најновата игра позајмува три-два во поглед на динамичното качување кои потсетува на значително постариот хит од 2003 – Angel of Darkness. Со оглед на тоа дека Shadow of the Tomb Raider излегува на 14.септември, Square Enix ја започнува агресивната кампања со исфрлање трејлери. Другите два, можете да ги видите на крајот од овој извештај.

Quake Champions ќе добие три нови режими за мрежно препукување. Покрај долго-очекуваниот capture the flag mode, играчите ќе можат да ги проверат и режимите Slipgate и Arcade. Во Slipgate, четворица се спротивставуваат на други четворица, така што едниот тим треба да го затвори порталот на непријателите, пред да биде премногу доцна. Сите од играчите ги имаат сите оружја и максимум здравје и оклоп, но имаат само еден живот. Вo Capture the Flag модот, играчите се натпреваруваат во дваесет минутни мечови, со промена на страната во полувремето. Во Arcade ќе можете да играте според најразлични, откачени правила, како користење само едно оружје или играње со различен шампион по секое усмртување. Новите режими би требало да се појава до крајот на летото.

Forsaken е игра од 1998 година и, на времето беше исклучително позната мултиплеер игра. Студиото кое беше одговорно за реставрацијата на Turok, Turok 2, и System Shock ќе понуди ремастер верзија и на Forsaken, со поддршка за Widescreen и 4K резолуции, и напредни можности во графиката, како MSAA и SMAA anti-aliasing, ambient occlusion, motion blur, и напредни particle effects. Во играта ќе бидат вклучени и новоа и непријатели кои беа ексклузивни за Nintendo 64 верзијата, како и бројни други бонуси.

Steam го исфрли бета клиентот за комуникација со пријателите кој, според многумина, болно потсетува на Discord. Клиентот поддржува комуникација со повеќе пријатели од еднаш, бројни канали, аудио разговори, а од Valve порачуваат дека ова е само почеток и дека новитетите допрва следат.

Fallout 76 ќе дозволи проверка на нејзината бета верзија во октомври, но само за дел од оние кои предвреме ја имаат купено играта. Постапокалиптичната RPG игра може да се купи од многу места, но не и од Steam, а клучот кој се продава е за активација на играта во клиентот на Bethesda. Моментно кружат гласини дека играта нема да излезе за Steam, барем не на самиот почеток, затоа што за играта се планираат бројни микротрансакции, а Bethesda не сака да го дели колачот со Valve затоа што со секоја направена микротрансакција, Valve зема завиден процент.

Origin ја пензионира прекрасната програма On the House, според која на играчите им се поклонуваше по една игра на секој месец-два. Преку програмата, бројните гејмери успеаја бесплатно да ги зграпчат Dead Space, Bejeweled, Battlefield 3, Theme Hospital, Syndicate, Peggle, and Dragon Age: Origins, како и бројни додатоци за Battlefield игрите, но таквото нешто повеќе не е можно. Се претпоставува дека одлуката била донесена во пресрет на Origin Access Premier – нова програма која треба да се појави неделава и да ви дозволи за 100 долари годишно да ги играте најновите игри на EA. Моментната Origin Access програма samo ќе биде преименувана во Basic.

На некое друго време и место, Ni No Kuni 2 вети бесплатно DLC со нови босови и квестови, а No Man’s Sky го исправи проблемот со корумпирани сејвови кои дојдоа со надграбата Next.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии