Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, осумдесет и четврто издание.

The Culling 2 е откажана, а студиото одново се посветува на првата The Culling. Одлуката беше донесена откако играчите станаа разбеснети од концептот на The Culling 2, до таа мера да играта никој не ја играше уште во првата недела од нејзиното излегување. Во оригиналната The Culling, студиото се враќа на почетната фаза од нејзиниот развој и ветува дека нема да ги направат истите грешки. Финалниот производ ќе биде бесплатен за играње.

Hitman ја става третата епизода во бесплатен пробен период. До 31.јули ќе можете да се почестите со Hitman: Summer Pacк и да добиете пристап до мисии од кампањата, Escalation договори, над 120 предизвици и многу повеќе. Напредокот за време на пробниот период автоматски ќе биде сочуван за да можете да продолжите кога и ако некогаш решите да ја купите целата игра.

The Walking Dead: The Final Season ги откри првите петнаесет минути од долго-очекуваната, последна сезона за авантурите на Клем. Низ почетоците на авантурата, јасно и гласно се покажува новата камера и уметнички стил, како и трансформацијата на Клем. Девојчето кое од петни жили се трудевме да го заштитиме сега е ултимативниот заштитник на некој друг. Првата епизода излегува на 14.август.

Total War: Rome 2 ќе исфрли ново DLC. Насловен како Rise of the Republic, додатокот се стреми да прикаже настани кои го опкружувале Рим во четвртиот век пред новата ера. На 9.август, играчите ќе добијат девет игриви фракции, нови дилеми кои се поврзани со регионот и историскиот период, како и нови владини акции, по цена од 15 евра.

The Cycle е најновата игра на која работи Yager, студиото зад критички признаената Spec Ops. Се работи за PvEvP шутер каде играчите формираат и кршат сојузништва на несоодветната планета Fortuna 3. Затворено алфа тестирање се очекува во август. Во случај да сакате да го проверите и овој проект на тимот, кликнете тука.

GTA Online: After Hours надополнувањето се очекува да ви дозволи да отворите и управувате со ексклузивен ноќен клуб, како и да го користите истиот како фронт за криминални активности. Црвениот килим се постела за најпознатите ѕвезди, не исклучувајќи го Тони Принц, подобро познат како Gay Tony. After Hours излегува на 24.јули.

Call of Duty: Black Ops исфрли трејлер за режимот со зомби чудовиштата. Овој пат, ќе ја имате можноста да направите масакр на бродот Титаник и да се соочите со невообичаени непријатели, како зомби тигри. Покрај оваа епизода, во режимот ќе ја имате и епизодата IX, сместена во еден вид римски колосеум. Call of Duty: Black Ops 4 излегува на 12.октомври, но нема да има кампања за еден играч, туку Battle Royale мод.

Hollow Knight ќе ја добие последната експанзија на 23.август. Gods & Glory ќе биде последното и најголемото поглавје во Hollow Knight сагата. Проширувањето ќе се одликува со нови босови, нова музика и нови ликови кои ќе понудат целосно нови квестови. Паралелно со ова, ќе излезе и новиот музички албум кој ги содржи сите траки од четирите експанзии.

Farming Simulator 19 конечно објави дека ќе излезе за PC на 20.ноември. За да можете да ја играте ќе ви треба барем 2.5 GHz Intel процесор, Nvidia GeForce GTX 560, 4GB RAM и 20GB простор на Хард диск. Минималната побарувачка е двојно поголема од Farming Simulator 17. Деветнаесеттата верзија ќе воведе нови возила, активности, животни, растенија и целосно нови механики кои би требало да ги задоволат сите ваши земјоделски амбиции.

Pathfinder: Kingmaker е изометрична RPG игра која успеа да собере скоро еден милион долари на Kickstarter минатата година. Неделава се дозна дека играта ќе излезе на 25.септеври, под издавачката сенка на Deep Silver. Таквата информации беше проследена со следниот трејлер.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии