Гејминг новости од минатата недела #83

Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, осумдесет и трето издание.

Ultimate Custom Night нова, бесплатна игра која произлезе од Five Nights at Freddy универзумот. Играта ви дозволува да го пополните игралиштето со 50 ликови и да ја прилагодите тежината на предизвикот. На располагање имате и нови алатки, замки, 16 предизвици и целосно нови изгледи и меѓусеквенци. Во случај да сте фан на FNAF хорор игрите, најновиот продукт на Скот, можете да го преземете тука.

Valve развива нови алатки за собирање податоци кои се замислени да бидат попрецизни и покорисни од Steam Spy. Како што можеби знаете, на Steam Spy му се отсекоа крилјата откако се сменија правилата и профилите на сите Steam корисници станаа приватни, но претставник од Valve ветува дека новите алатки ќе ја надминат корисноста на Steam Spy и ќе понудат нови увиди за корисниците.

Shenmue 3 продолжува да ги излудува фановите и да ги држи во неизвесност, но една работа се откри минатата недела, а тоа е дека за минимално уживање во играта ќе ви треба Intel Core i5-4460 процесор, 4 GB RAM, Nvidia GeForce GTX 650 Ti и неверојатни 100 GB простор на Хард диск. Да, се чини дека одамна е поминато времето кога игра од 10GB беше исклучително голема. Shenmue 3 се очекува да излезе некогаш во 2019 година.

Overwatch има нов херој кој е исклучително симпатичен, но подеднакво смртоносен. Wrecking Ball е хрчак со незапирливи амбиции да уништи се што ќе му се најде под огромната сферична машинерија. Новиот херој може да се тестира на PTR серверите, а многумина фанови на играта се апсолутно одушевени од можностите на малото животинче.

FIFA 19 ќе прикажува какви се шансите да добиете некоја работа од кутиите за плен. Ваквата одлука за транспарентност ја донесе ЕА најверојатно подари осудата на комисијата за коцкање од Белгија дека кутиите за плен се форма на коцкање. На овој начин, ЕА се надева дека дополнително ќе ја изврти дефиницијата за тоа што спаѓа во коцкање, а што не. Тие уште еднаш побрзаа да повторат дека не веруваат дека нивните игри имаа елементи на коцкање затоа што нивните кутии со плен немаат никакви вредности во вистинскиот свет.

Myst 3 и 4 се појавија ексклузивно на GOG. Ова е резултат на одлуката на девелоперот Cyan да издаде надополнети верзии за сите нивни пет игри од универзумот Myst. Нивната кикстартер кампања беше исклучително успешна. За ваквата реставрација бараше 247,500 долари, но зграпчи од фановите неверојатни 2.8 милиони долари. Cyan ветија дека Myst авантурите не застануваат тука и дека работа на целосно нови проекти од овој универзум.

Steam продолжува да се истакнува како број 1 платформа за гејмерите. Помеѓу јануари и мај, платформата на Valve регистрирала 13.5 милиони нови корисници кои по прв пат купиле игра. Големата летна распродажба и понатаму продолжува до 4.јули, но еве зошто можеби не би требало да бидете премногу возбудени од неа.

Summer Games Done Quick се одбележа и оваа лето и настанот успеа да собере 2.1 милиони долари за добротворната организација Doctors Without Borders. Ова уште една го дефинира настанот како исклучително успешен и постави нов рекорд во историјата на Summer Games Done Quick. Во случај да не успеавте на време да се информирате за настанот или пак да донирате некој денар, таквото нешто и понатаму е можно на официјалниот сајт.

State of Decay 2 исфрли ново DLC во чест на денот на независноста на САД. Independence Pack чини пет долари, а ги наградува патриотите со три нови студени оружја и три нови возила, целосно потопени во патриотски теми. Одредени зомби чудовишта исто така се облечени во облека карактеристична за револуционерниот период.

На некое друго место и време, се дозна дека Mothergunship ќе излезе на 17.јули, а PC порт за Ys: Memories of Celceta ќе се појави на 25.јули.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии