Гејминг новости од минатата недела #80

Кои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, осумдесетто издание.

Battlefield 5 ќе излезе дури на 19.октомври, но тоа не значи дека не треба да имате доволно време за да соодветно се подготвите за играта и ја дочекате со хардверско чудовиште кое ќе излезе во пресрет на секоја потреба. Добрата работа во сево ова е доколку ја игравте Battlefield 1 нема да морате да се изложувате на темелни хируршки зафати. Петката ќе биде игрива доколку имате барем Core i5 6600K процесорт, nVidia GeForce GTX 660 2GB графичка и 8GB RAM.

Dying Light, уникатната зомби игра со parkour елементи го исфрли последното од десетте планирани и бесплатни додатоци. Низ годината, играчите уживаа во бројни нови оружја, опрема и модови, но се чини дека се ближи крајот на таквата дарежливост. Десеттиот Content Drop се вика Badlands Rider, а донесува ново возило, нова мачета, самострел, сачмарка и опремата од долното видео.

Active Shooter беше игра која од Steam беше отстранета неделава. Се работи за пукачка игра во училиште, но ваквата контроверзна тема не беше единствената причина поради која играта беше отстранета. Од Valve се изјаснија дека девелоперот, односно издавачот било лице кое често менувало имиња и се навраќало на платформата за да продава игри со украдени асети и да манипулира со рецензиите.

The Elder Scrolls: Legends има ново развојно студио. Dire Wolf Digital нема повеќе да работи на популарната игра со карти, а диригентското стапче ќе се предаде на Sparkypants Studios, студиото кое е најдобро познато по болно-кратката Dropzone. Како први точки од редот, ќе се донесе нов клиент, со темелни промени на интерфејсот, менијата и графиките. Dire Wolf Digital работат на една друга бесплатна за играње игра која исто така е со карти, а се вика Eternal.

Destiny 2 планира огромна експанзија за во септември. Експанзијата ќе биде првото нешто што ќе ја одбележи втората година од постоењето на играта, а замислена е да донесе нови колекции со опрема, промени го гејмплеј механики и нови режими. Поголеми детали за што би можеле да очекуваме е предвидено на 5.јуни преку стрим во живо.

Twitch Prime подарува нов пакет од игри за сите претплатници во месецот јуни. Оние кои не сакаат да гледаат стримови со реклами и сакаат неограничен пристап до одредени серии и филмови, месецов добиваат и пет игри. Првите две игри се од трилогијата The Banner Saga, а потоа доаѓа FPS акцијата Strafe и експлозивните Treadnauts и Tumblestone.

Assassin’s Creed: Odyssey ќе биде најновата игра која ќе излезе за овој серијал. Гласината која се ширеше минатата недела стана вистина, откако издавачите потврдија дека фановите на серијалот ќе се селат во древна Грција. Повеќе за играта ќе се знае на овогодишниот Е3 настан.

Warhammer: Vermintide 2 неодамна доби поддршка за модови, квестови кои се менуваат на дневно ниво и капи, изгледи и рамки. Модовите се испорачуваат преку Steam Workshop, но нивната имплементација нема да ве наградува со нови работи, нити пак да влијае на дневните квестови или собирање искуство. Покрај ова, најновото надополнување доаѓа со бројни исправки и балансирања.

Evolve конечно ќе го здогледа крајот. Играта која проба по кои било начини да земе што повеќе пари на гејмерите нудејќи најразлични едиции веќе неколку години како функционира во бесплатна форма, но и тоа нема да е за долго. Во септември, серверите ќе згаснат, а сопствениците на играта би можеле да продолжат понатаму, но само во сопствена режија и преку ограничувачки модови. Сите купени додатоци, како чудовишта, скинови и ловци, исто така ќе можете да ги задржите. Ова е играта зад која стои тимот зад првата Left 4 Dead.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии