Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, седумдесет и осмо издание.

Superhot ќе се појави и како уште една, јапонско-инспирирана самостојна игра. Superhot JP не само што ќе понуди нови оружја туку и можности за нивно тестирање во сосема нови околини, од самурајски замоци, преку караоке барови, па се до возови во движење. На алтернативната кампања работи GameTomo, со помош од оригиналното студио кое работеше на класичната игра.

Phoenix Point, играта за која се очекува да го редефинира turn-based жанрот во стилот на XCom игрите, е одложена се до јуни 2019 година. Авторот кој стои зад играта се изјасни дека Phoenix Point може да биде многу подобра од она што е сега и дека тимот им должи на фановите да понуди наслов со огромна продукциска вредност, а таквото нешто не е можно без долгото одложување и вработување уште креативни сили.

Overwatch е една од најиграните игри. Ваквиот факт беше уште еднаш потврден со изјавата на Blizzard дека нивниот наслов има над 40 милиони играчи. Најновиот настан за втората годишнина за играта започнува на 22.мај, а од 25.мај се планира бесплатен викенд за сите оние кои сеуште не ја провериле играта.

Metro Exodus е одложена. Една од најочекуваните игри на издавачот Deep Silver нема да излезе во 2018 година. Според издавачите, Exodus е една од најамбициозните наслови, значително поголема од комбинираната вредност и на 2033 и на Last Light и, поради тоа сакаат сите да добијат одличен престој во постапокалиптична Русија. Играта се очекува во првата четвртина на 2019 година.

Divinity: Original Sin 2 Definitive Edition ќе излезе во август. Слично на првата игра, авторите Larian Studios работат на илјадници балансирања и промени, како и целосно нови содржини, а таквата едиција ќе ја понудат бесплатно на сите сопственици на класичната игра. Третото поглавје има претрпено бројни надградби, во поглед на сценариото и ликовите, а ќе има и нов туторијал, надградена PvP арена и нова тежина во кампањата. Се претпоставува дека сочуваните игри нема да се компатибилни, но и двете верзии ќе бидат достапни за играње.

Call of Duty: Black Ops 4 нема да има кампања, а се продава преку Battle.net клиентот, а не Steam. PC верзијата ќе се испорача со целосна интеграција на сите Battle.net можности за социјализација, а ќе поддржува и 4К резолуции и HDR. Black Ops 4 ќе излезе на 12.октомври и покрај battle royale мод, ќе има и три кампањи во co-op zombie модот.

Spintires: Mudrunner ќе добие бесплатно DLC. Насловено како Ridge, додатокот ќе воведе нова мапа, мод и две возила. Новиот мод Scavenging ве принудува да ги собирате дрвата од мапата пред да можете да ги испорачате на зададената адреса. Додатокот излегува на 29.мај.

No Man’s Sky конечно ќе го добие посакуваниот ко-оп мултиплеер. Развојното студио, Hello Games се изјасни дека со надополнувањето NEXT, овој јуни играчите ќе можат заеднички да работатат на градење, како и да започнуваат друштвени експедиции. Додатокот стапува на сила од 24.јули.

The Crew 2 планира да започне затворена бета на 31.мај. За време на тестниот период, играчите ќе имаат пристап до првото ниво од системот за напредување, а бројните гејмплеј механики во отворениот свет ќе бидат отклучени за максимално експериментирање. Затворената бета ќе трае до 4.јуни. Во случај да сакате да ја проверите играта, пријавете се за бетата тука!

И со малку позабрзано темпо, би ве информирале дека People Can Fly, студиото најдобро познато зад игрите Painkiller и Bulletstorm, работи заедно со Square Enix на засега-непознат шутер од ААА вредност. Излегувањето на Shenmue 3 е одложено се до 2019 година, а тимот зад The Division 2 вети дека ќе го испорача нивниот наслов во наредните 12 месеци. Prey 2 и понатаму продолжи да задева со DLC кое ќе ви дозволи да отпатувате на месечината, а Steam Link излезе и овозможи да ги играте вашите Steam игри на мобилен телефон.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии