Гејминг новости од минатата недела #77

Kои настани и новости ја одбележаа гејмерската индустрија неделава? Добредојдовте во најновиот извештај за вашето омилено хоби, седумдесет и седмо издание.

Odium To the Core, играта на талентираното македонско студио, Dark-1 излезе и, доколку може да се верува на нашата рецензија, нуди одлична забава во кратки дози. Во првата недела, Odium To the Core доби осум позитивни рецензии и две надградби од техничка природа. Девет куратории побрзаа да ја препорачаaт играта како наслов со огромен предизвик, преубава графика и солиден гејмплеј.

Destiny 2: Warmind излезе и, слично на првата експанзија, нуди дво-часовна приказна, нови оружја, рејд и територија. Излегувањето беше одбележано и со загатка, а оној кој прв ја реши, успеа да најде вистински плен во Њу Јорк, односно, едно од само три автентични копја, златни парички и писмо.

State of Decay 2 ќе излезе за само недела дена, но за да ја играте оваа игра на 22.мај, потребно е да имате компјутер со Intel i5-2500 процесор, само 2GB RAM и графичка GTX 760. За максимално уживање, цената е значително повисока и се сведува на i5 4570 процесор, но 16GB RAM и GTX 960. Играта е достапна само од Microsoft Store.

Loadout, шутерот за кој најверојатно никогаш не сте слушнале, згаснува. Студиото Edge of Reality се изјасни дека поради новите правила за приватноста, наметнати од Европската Унија, не им се исплати да ја менуваат играта и затоа ќе одат со целосно згаснување на серверите од 24.мај.

The Council ќе ја исфрли втората епизода оваа недела, односно на 15.мај. The Council е слична на игрите на Telltale. Првата епизода излезе на 13.март и беше исклучително добра, со исклучок на актерските способности.

Risk of Rain 2 прикажа десет минутно видео од адреналинска борба во трето лице. Втората игра планира револуционерни промени во бројни аспекти, со нови класи, нивоа, предмети и чудовишта.

PES 2019 ќе излезе на 30.август и ќе понуди надграден myClub, Visible Fatigue гејмплеј механика, како и нови лиценци. Благодарејќи на Enlighten можностите на софтверот, играта ќе има веродостојни ефекти и одлични можности за 4K HDR, како и подобра графика во поглед на прикажување толпи, треви и снежни ефекти.

Agony, хорор играта која не сака ништо повеќе од тоа да изгубите волја за живот, го исфрли еден од најконтроверзните трејлери во гејмерската индустрија. Извитоперени голотии, канибализам со бебиња и бројни насилни теми од кои најверојатно нема да сакате да го дочекате крајот, камо ли да ја играте играта. Agony излегува на 29.мај.

Rising Storm 2: Vietnam ќе воведе нова фракција, и пет нови мапи, три од мапите ќе бидат на модери кои победија на неодамнешното натпреварување. Новата фракција е ARVN, односно Army of the Republic of Vietnam. Надградбата ќе стапи на сила на 29.мај.

The Walking Dead играта на Overkill, студиото зад познатите Payday, исфрлија нов трејлер и не запознаа со дедо со кој нема да сакате да си имате работа. Играта се очекува да излезе на есен, но, со оглед на филмските трејлери, сѐ уште не може да се претпостави до која мера би бил интересен гејмплејот.

Middle-earth: Shadow of War доби ново DLC. Насловено, Desolation of Mordor воведува и нова roguelike кампања, нови outpost мисии и непријатели. Со експанзијата, доаѓа и содржително надополнување за основната игра. За деталите упатете се тука.

Rage 2 дефинитивно ќе излезе. Веста неодамна беше потврдена од Bethesda, откако недела дена ги задеваа заинтересираните фанови со најразлични слики. Хаосот започна со тоа што Walmart Canada случајно започна со поставување листа со нови игри. Во листата се најде и непотврдената Rage 2, а од Twitter акаунтот за Rage побрзаа да се шегуваат на таа сметка со следнава слика.

Во некое друго време и на некое друго место, Conan Exiles замина од раниот пристап и ја зголеми цената, Atomic Heart се прикажа како интересен хибрид на BioShock, Nier: Automata и Stalker, а Unleash како невообичаена multiplayer tower defense игра од еден мод за Warcraft 3

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии